Македонија

Андоновски: До крајот на годината очекувам 20 до 30 нови електронски услуги

Дваесет до триесет нови електронски услуги очекува министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски до крајот на годината. Говорејќи за зголемувањето на бројот на електронски услуги, како и за дигитализацијата генерално во интервју за ТВ Алфа Андоновски вечерва истакна дека постои можност и за надминување на оваа бројка и напомена дека дел од тие услуги ќе се однесуваат на работи поврзани со ФЗОМ.

-За мене ФЗОМ беше мошне важен, затоа што е една од клучните институции, која може за нешто да му затреба на секој граѓанин, за продолжување на боледување, за активирање на боледување, за менување работно место тогаш се менуваат и осигурениците, има доста активности кои граѓаните ги користат, нагласувајќи дека голем број од електронските услуги ќе бидат од ФЗОМ, а најави и околу 15-ина услуги од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, при што ќе станнува збор за лиценци, потвврди, но тука повеже станува збор за услуги кои се поврзани со компании, а не со граѓанинот како поединец.

Андоновски настрана од овие 20 до 30 нови услуги до крајот на годината, кои како што рече, се буџетски, веќе планирани или се во процедура на реализација, а очекува и уште околу 30-ина од проект, кој треба да почне оваа пролет, поддржан од Европската Унија, поточно ИПА проект од третата компонента.

-Очекувам годината да заврши со повеќе електронски услуги. Лани имавме раст од 74 проценти на бројот на месечни услуги, кои ги издаваме на граѓаните. Во 2024 просекот бил 3450 услуги, а за 2025 просекот изнесува 13.450, што значи разликата во растот е огромна, а бројот на корисници е зголемен за 62 отсто, споредено со 2024 година, рече Андоновски.

Тој вели дека граѓаните го сакаат и го препознаваат Националниот портал за е-услуги и најави дека во моментот работат на негова надградба и хардверски и софтверски, со цел да биде побрз, попристапен, позаштитет и полесен за користење од страна на граѓаните. Оваа дигитализација е тактички и стратешки распоредена, ние не ги забранивме хартиените изводи, потврди, секој наш граѓанин може и утре може да отиде во нивната матична канцеларија, во матичното одделение на матичното подрачја да извади ако не сака не може не знае како да ги користи дигиталните алатки.

Минатата недела тој и Клековски го најавија воведувањето на четири нови електронски услуги, за физичките лица воведени се електронските услуги: потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, потврда за осигурено или неосигурено лице и платен придонес, потврда за исплатен надоместок за плата за време на привремена спреченост од работа, а за правните лица овозможена е електронската услуга за издавање потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување. Во однос на услугите од Управата за водење на матичните книги рече дека тие се целосно мигрирани на Националниот портал, што ќе го забрза нивното користење и се целосно дигитални за разлика од претходно.

Андоновски во интервјуто вечерва истакна дека дигитализацијата е тактички и стратешки распоредена, односно не подразбира забрана за хартиените изводи, потврди и секој граѓанин може и утре да отиде во канцеларијата на неговото матично подрачје за да извади хартиен документ, доколку не сака, не може или не знае како да ги користи дигиталните алатки. Освен во матичните одделенија, додаде дека граѓаните, може да заминат и во центрите за услуги на Министерството, какви што во моментов има 14 и во нив некој од вработените да им помогне дигитално да извадат некоја од услугите.

-Ова е стратешкиот пристап на дигитализицијата и затоа немаме револт од граѓаните кон дигитализацијата, нема ниту еден негативен коментар, дека нешто им забрануваме, не им дозволуваме на граѓаните. Ова е уште една алатка, уште една можност, која е достапна за сите оние кои сакаат побрзо да завршат работа. Ја користам оваа прилика да упатам апел до повозрасните да разговаат со своите деца, внуци да им помогнат да направат кориснички профил, навистина е многу едноставно, нашите кол центри се сте постојано активни, телефонските броеви се достапни, рече министерот.

Андоновски минатата недела посочи дека во моментот има над 300 илјади корисници на Системот за единствена најава (СЕН), како и над 240 илјади корисници на Националниот портал за е-услуги.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Уставот нуди апсолутно сериозна заштита за сите граѓани, па и за бугарската заедница, но што правиме со македонската заедница во Бугарија?!

Политиката се темели на разговори. Јас сум од оние политичари кои сакаат да разговараат додека не се постигне решение. И во првиот и во вториот случај ние ќе продолжиме да разговараме. Знаеме кои се нашите црвени линии и во рамките на тие црвени линии ќе се обидеме да го најдеме решението, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Амбасадорскиот совет. Истакна дека нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита на правата за сите граѓани во државата, вклучително и за бугарската заедница.

Јаневска: Никој не може да го избрише македонскиот јазик од светската културна ризница, се грижиме за негова достојна афирмација!

Шеесет македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од Албанија, Аргентина, Бугарија, Италија, Јапонија, Канада, Кина, Полска, Русија, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција и Хрватска учествуваат на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од денеска се одржува во Конгресниот центар во Охрид.

Во Македонија сите заедници, меѓу нив и бугарската, се заштитени со Уставот

Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита за сите граѓани во државата, вклучително и за бугарската заедница. И тоа не го зборувам само јас, туку тоа го зборува и Советот на Европа – рече премиерот Мицкоски

Мицкоски: Имаме трипати повеќе резултати од претходната влада, но подготвени сме за предвремени избори, ако мисли опозицијата дека се потребни!

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека граѓаните во моментов не бараат предвремени парламентарни избори, туку очекуваат продолжување на реформите и на процесите што ги спроведува актуелната Влада.

Муцунски: Заштита на македонските национални интереси и на Македонците и другите граѓани вон границите, но и економската дипломатија – наши стратегиски приоритети

Пред одржувањето на Амбасадорскиот совет, на кој треба да се обрати и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во изјава за медиумите истакна дека целта во рамките на оваа средба со премиерот е нашите амбасадори и генерални конзули изворно да слушнат кои се приоритетите за следната година и да добијат насоки за постапување во врска со нашите клучни стратегиски национални интереси.

Најнови вести

To top