Македонија

Андоновски: Обвинителството да покрене веднаш истрага зошто Филипче и Младеновска не постапувале, иако имало 400 извештаи за загадената вода во Гостивар!

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар Мартин Андоновски, денеска од прес-конференција побара Венко Филипче и Рената Младеновска да одговорат зошто, како што наведува, со години молчеле за проблемот со загадената вода во Гостивар. „Го повикуваме Јавното обвинителство да отвори случај по допрен глас и да ги истражи документите, кои ги објавивме во јавноста.“ – нагласи Андоновски.

Андоновски оцени дека оние кои, според него, имале политичка и институционална моќ во изминатиот период, денес се обидуваат да ја префрлат одговорноста за состојбата. „Филипче и Рената Младеновска треба веднаш да кажат зошто со години молчеле за загадената вода во Гостивар“, порача Андоновски.

Тој праша зошто не било постапено по, како што наведе, повеќе од 400 извештаи кои укажувале на проблеми со квалитетот на водата. „Наместо денес да морализираат, треба да одговорат зошто не постапиле по добиените над 400 извештаи кои укажувале загадена вода?“, рече Андоновски.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека граѓаните на Гостивар треба да добијат одговори за тоа што се случувало во изминатите години и зошто, како што посочи Андоновски, не биле преземени соодветни институционални мерки. „Гостиварци мора да дознаат зошто биле труени со години, а СДС и Филипче не презеле никакви чекори“, изјави тој.

Андоновски воедно ја истакна интервенцијата на актуелната Влада во услови на актуелната состојба со водата, наведувајќи дека граѓаните добиле техничка вода и флаширана вода за пиење. „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ интервенираше за граѓаните да добијат техничка вода и флаширана вода за пиење. Но паралелно со решавањето на актуелната состојба, мора да се расчисти и минатото“, рече Андоновски.

Тој побара надлежните институции да ги испитаат наводите и документацијата што беше презентирана во јавноста. „Затоа го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас и да ги истражи документите кои ги споделивме во јавноста“, порача претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top