Македонија

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен

Апликацијата ќе ги содржи личните документи на граѓаните во електронска форма, меѓу кои личната карта и возачката дозвола, а во почетната фаза преку неа ќе бидат достапни и неколку електронски услуги од јавната администрација

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, гостуваше во емисијата „Меѓу редови“ на Алфа ТВ, каде што говореше за новата мобилна апликација м.Услуги. Апликацијата ќе ги содржи личните документи на граѓаните во електронска форма, меѓу кои личната карта и возачката дозвола, а во почетната фаза преку неа ќе бидат достапни и неколку електронски услуги од јавната администрација.

„Ветив дека во втората половина од мандатот ќе успееме да подготвиме мобилна апликација. Сега конечно можам да кажам дека таа е подготвена и во моментов ја тестираме. Во октомври ќе организираме голем настан на кој ќе ја промовираме пред граѓаните“, истакна Андоновски.

Тој објасни дека м.Услуги е замислена како единствено место преку кое граѓаните ќе можат да пристапуваат до своите документи и до услугите на државата.

„Ја замислуваме како апликација што ќе ви биде потребна за сè што сакате да завршите, а е поврзано со државата. Во моментов постојат повеќе различни апликации и системи, а нашата цел е услугите за граѓаните да ги обединиме на едно место. За почеток, во апликацијата ќе бидат достапни електронската возачка дозвола и електронската лична карта, како и неколку електронски услуги од јавната администрација“, рече министерот.

Андоновски нагласи дека користењето на апликацијата нема да биде задолжително и дека граѓаните ќе можат и понатаму да ги користат постојните физички документи.

„Во изминатиов период добив многу прашања во врска со ова. Сакам да потенцирам дека апликацијата нема да биде задолжителна. Граѓаните кои не сакаат да ја користат нема да мора да ја преземат и ќе можат да продолжат да ги користат постојните документи за идентификација. Апликацијата ќе биде бесплатна за сите што ќе одлучат да ја користат“, посочи Андоновски.

Апликацијата е изработена во рамките на проект вреден 1,5 милиони евра, обезбеден во соработка со надлежните институции од Полска и Украина и со Европската Унија.

„Државата не ја плати изработката на апликацијата. Станува збор за голем проект што го донесовме во 2024 година во соработка со полското и украинското министерство и со Европската Унија. Апликацијата е изработена од македонски инженери, таа е македонски производ и останува во сопственост на државата“, додаде министерот.

Во продолжение на гостувањето, Андоновски се осврна и на отпорот кај дел од институциите во однос на прифаќањето на електронските документи.

„Сè уште има институции кои не ги прифаќаат електронските документи на граѓаните, иако тоа е нивна законска обврска. За правните лица, односно институциите што нема да го почитуваат законот, ќе следуваат предвидените казни. Во наредниот период тоа ќе биде предмет на надзор од страна на надлежниот инспекторат. Оставивме доволно време и простор за приспособување, но сега мора да го почитуваме законот и да бидеме во чекор со светот“, нагласи Андоновски.

Тој најави дека првата верзија на м.Услуги континуирано ќе се надградува со нови содржини и функционалности, со крајна цел апликацијата да прерасне во европски дигитален паричник.

„Ова е првата верзија и очекувано е да има простор за подобрување. Но, ние веќе размислуваме за втора верзија, која ќе содржи повеќе функционалности и постепено ќе прерасне во вистински дигитален паричник. Крајната цел, утврдена и во Реформската агенда, е до 2028 година тој да стане европски дигитален паричник. Со тоа, Македонија ќе биде меѓу првите петнаесетина европски држави со ваков тип современа апликација“, заклучи Андоновски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Општина Охрид ги засилува активностите за затворање на депонијата „Буково“ и воспоставување нов систем за комуналниот отпад

Завршена е постапката за избор на проектант за изработка на техничката документација за затворање на нестандардната депонија „Буково“, а во тек се и активностите за изградба на претоварна станица кај Мауцкер и собирен центар во Охрид. Претоварните станици и Регионалниот центар за управување со отпад во Новаци се очекува да бидат функционални во 2030 година. Ова беше истакнато на денешната средба во Општина Охрид, посветена на новиот Регионален план за управување со отпад и воспоставувањето интегриран систем за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион.

Зафировски за признанието на Михаилова за ДАНС: Ова е бугарска пародија, во која самата се излаја за поврзаноста со тајните служби

Срамота и давање автогол, бугарска пародија во која Ива Михаилова самата недоветно се излаја за улогата на тајните служби и бугарската ДАНС во целиот нејзин „случај“, посочи безбедносниот аналитичар Воислав Зафировски во „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски. Недораснато дете кое избрза и искрено си кажа се што треба и не треба, класичен автогол во полза на Македонија за случај кој беше поддржан и од највисоките бугарски функционери.

Најнови вести

To top