Македонија

Андоновски: Засега не се планираат ограничувања на социјалните мрежи за деца по примерот на Австралија

За закон за забрана на социјални мрежи за деца под 16 години

Македонија засега не планира радикални забрани како австралискиот модел за ограничување на социјалните мрежи за деца, но прашањето е разгледувано, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, одговарајќи на прашањето дали Македонија планира да го следи примерот на Австралија, која прва воведе закон за забрана на социјални мрежи за деца под 16 години.

-Секоја забрана треба да бидете свесни како ќе ја донесете, ќе има два ефекти. Ако не успеете да ја имплементирате до крај, таа ќе придонесе некои да се снаоѓаат, а некои да излезат целосно од контрола. Второ, елементот дали општеството е подготвено за таков радикален чекор, нагласи Андоновски.

Според него решението е во едукација и работа со родителите, да ја насочат употребата на мобилните телефони кај децата кон работи кои се корисни, а не кон натпревари или содржини што одземаат премногу време без никаква корист.

Прашан за личниот став за австралискиот закон, Андоновски рече дека  доколку успеат да го имплементираат тоа правило до крај, можеби ќе има позитивен ефект.

– Моето очекување е дека нема да успее проектот целосно, затоа што првите најави веќе покажуваат дека се наоѓаат начини преку технички уреди и врски да се заобиколат забраните, истакна Андоновски.

Тој потсети дека во државава преку Центарот за побезбеден интернет веќе се работи на заштита на децата.

-Секој социјален медиум има граница за под 16 години. Ако родителите го имплементираат тоа кај своите деца, тогаш децата нема да имаат пристап до алгоритми и содржини кои се штетни за нив. Ако тоа не го прават родителите, многу е потешко државата да се меша во слободниот избор на секој граѓанин и семејство и да одлучува што смеат, а што не смеат, појасни министерот.

Најнови вести од: Македонија

Скопје треба да добие нов Саем и жичница од болницата во Козле до средно Водно

Во однос на нов скопски саем, директорот на СОЗР обелодени дека веќе се бара соодветна локација, а има и заинтересирани инвеститори кои би го изградиле и би стопанисувале со објектот. Во врска, пак, со жичницата, рече дека треба да почне постапка за физибилити студија.

Експотпретседателот на ДУИ Бејта се разиде со Ахмети и ќе се трка за градоначалник на Гостивар од Вреди, влегувајќи и во судир со Таравари!

„Немам непријателство со никого во С.Македонија, ниту со Али Ахмети, но Арбен Таравари со години ги навредуваше гласачите на ДУИ!“ – изјави Невзат Бејта, кој ја поднесе денес својата кандидатура за градоначалник на Гостивар како кандидат од редовите на коалицијата Вреди.

Општина Сарај има долг од близу три милиони евра

Во интерната анализа, Општината открила сомнителни договори, неразумни договори и трошоци направени, како што вели Елмази, без милост. Тој порача дека Сарај веќе нема да се управува со логиката на импровизација или со начинот на размислување „некој друг нека го реши проблемот“.

To top