Македонија

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите, на подметнувачите на пожар во Вардариште им се дадени пари

„Истовремено сме нападнати со повеќе пожари. Колкава е можноста за два истовремени сериозни пожара додека ние ја затрупуваме Дрисла и се уште работиме во Вардариште?“ – запраша директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

„ Ова што сега се случува е последица на тоа дека ние сме цел на хибриден напад. Ова е мој личен став, бидејќи од 1991 година сум во безбедносниот систем на државата. Истовремено сме нападнати со повеќе пожари. Денеска изби пожарот во една семенарница, каде исто така имало пластичен отпад, можеби имало и гајби и истовремено се појави и овој пожар во Трубарево. Колкава е можноста за два истовремени сериозни пожари додека ние ја затрупуваме Дрисла и се уште работиме во Вардариште?“ – изјави на вечерашната вонредна прес конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Тој укажа дека претходната Влада во овој дел не му давала задолженија и дека за време на претходната Влада со депониите се справувале општините. „Оваа Влада направи исчекор и ми даде поголеми овластувања и тоа јавно го кажувам: оваа Влада покажа неспоредливо поголема активност, во однос на пожарите.“ – истакна Ангелов,

На прашањето за тоа дека досега оваа година изгореле 25 отсто од површините во државата, Ангелов рече: -Тоа е глупост. Обединети Нации измериле колку изгорело во Македонија? Двојна глупост е ако е на ОН. Оваа година изгоре помала површина од лани. Ако они мереле трева и грмушки, тоа е друго. Очекувам и други пожари, бидејќи сме цел на хибриден напад. Имавме еден катастрофален пожар во Јасен, но немавме други сериозни пожари.“ – додаде Ангелов.

Што се однесува до Вардариште тој нагласи: „Почетниот пожар е од палење кабли, а неофицијално имам информации дека на тие што палеле кабли им се дадени пари за вечерта да запалат пожар, а потоа истото да го направат и другиот ден. За пари.“

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top