Македонија

Ангелов: Го оправдувам американскиот напад врз Иран

„Замислете кога влада како иранската би имала на располагање нуклеарно оружје“ вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

 

Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување и претседател на Партијата за достоинство, Стојанче Ангелов, вели дека има проамерикански ставови за ситуацијата на Блискиот Исток и верува дека Американците имаат добри причини за нападите врз Иран.

Ангелов го оправдува американскиот напад затоа што, како што вели, Иран е управуван од суров режим кој ги казнува своите граѓани и режим кој обезбедил сериозна количина ракети, како и подготовка на нуклеарно оружје.

„Замислете кога влада како иранската би имала на располагање нуклеарно оружје? Каква би била безбедноста на светот? Целосно го оправдувам нападот на САД заедно со Израел, а времето ќе покаже што постигнал Иран од своето вооружување.

Досега бевме изненадени од отпорот на Иран, за тоа сведочи и фактот дека тие погодија остров оддалечен 4.000 километри со ракети со долг дострел“, рече Ангелов во емисијата „Аргумент Плус“.

Тој уверува дека Македонија во моментов не е засегната од воена закана, со оглед на тоа што НАТО не е вклучен во целата ситуација.

Најнови вести од: Македонија

Савевски: Почеста употреба на гаранција како мерка за обезбедување присуство наместо притвор

Доколку некој побегне, а оставил гаранција – тој имот, недвижен или подвижен имот, како и да е, има одредена вредност. Таа вредност, доколку побегне, останува сопственост на нашата држава, вели новиот државен обвинител

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top