Македонија

Ангелов: Избувнувањето на повеќе пожари во истовреме не е случајност

Се работи за хибриден напад на Владата

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов останува  на ставот дека негова перцепција е оти избувнувањето на пожарите не е случајност и оти се работи за хибриден напад на Владата.

-Од разговорот со сопствениците на „Ф Групација“ во  чиј објект со електронски отпаден материјал во Трубарево вчера избува пожар беше укажано оти настанување на пожар во ваков обем бара сериозен напаор. Самозапалувањето не почнува со толку силен интензитет. Вчера во исто време имавме два пожари. Еве да претпоставиме едниот случајно да избил, но два пожари во исто време веќе не верувам дека се случајност, рече Ангелов на денешната прес-конференција во Владата.

Како што рече, се започнало со Вардариште и кога тоа го средиле и престанала да гори дивата депонија, а чадењето било сведено на минимум и безмалку да го немало, се запалила Дрисла.

-Пред два три дена се запали и депонијата во Шутка, а вчера се запали овој отпад електронски отпад. Значи премногу случајности. Јас во нив не верувам. Имам право да се сомневам, но, морам да укажам дека е многу тешко да се докаже. Ако отидете на лице место, ако некој подметнал пожар трагите изгореле во него. Тоа е нашиот основен проблем. Тешко се докажува, бидејќи ако и некаде воопшто имало камери и тие изгореле. Затоа велам дека мојата перцепција е оти се работи за хибриден напад. За мотивите може да погодуваме, но во средина на септември да има вакви тешки пожари едноставно е неочекувано или невозможно, рече Ангелов.

Додаде дека и при пожарот во Дрисла кога луѓето дошле на лице место по неколку минути линијата на пожарот била подолга од 50 метри, потенцирајќи, оти било невозможно, кога би станувало збор за самозапалување, тој да има таков обем и динамика. Тоа, вели, се случило и вчера.

Нагласува дека и многу од пожарите што се случија летово биле подметнати, и оти во одредени случаи нашле запалени гуми или палети кои мирисале на безнин.

-За повеќе пожари најдовме докази, иако тешко се обезбедуваат докази кои што би биле издржани на суд затоа што тие горат заедно со пожарот. Во една прилика кога објавив фотографија од 30-тина гуми автомобилски тие не беа ставен на куп да бидат запалени врз тревата, туку на повеќе места. Тоа е еден од методите, се премачкува гумата со бензин, се пали, се пушта да се тркала по удолница. Таа влегува во шумата удура во дрвата и по некое време некаде сопира и продолжува со горење, потенцира директорот на ДЗС.

Вчера посочи имало и пожари на отворено во Велес и Пробиштип. Порарот на Пониква, посочи, брзо го изгаснале пред да се прошири во шумата. И за него вели, има основано сомневање дека бил подметнат.

Најнови вести од: Македонија

Владата ќе го поддржи секој договор меѓу работодавачите и работниците за минималната плата

„Нам како на нас како Влада ни одговара зголемување на минималната плата, бидејќи ќе имаме поголеми приходи во буџетот. Ние сме работодавач на 100 илјади вработени, а државата има 705 илјади  вработени. Значи тие 600 илјади ќе дојдат кај нас. Ако гледаме себично, тогаш можеме да кажеме од утре да се зголеми, но ние сме Влада, која во рамки на социјалниот дијалог посредува меѓу работодавачите и работниците. Ни е како Влада ќе го поддржиме секој договор, што ќе го постигнат. “ – нагласи премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

МНТ слави 80 години со сценски спектакл: „Сонцето, колку е блиску сонцето“

Во пресрет на 80-годишнината од основањето на Македонскиот народен театар (МНТ), на 29 декември 2025 година на големата сцена премиерно ќе биде изведен сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“, во режија на Дејан Пројковски.

Лишени од слобода осум возачи во Тетово, Гостивар, струшко, кичевско и во Прилеп затоа што управувале возила со брзина многу поголема од дозволената

На 28.12.2025 во 11:20 часот на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.И.(23) од Тетово. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 103 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час. […]

To top