Македонија

Ангелов: Јасно е дека се подметнуваат пожари

„Повеќе од сигурно е дека дел од пожарите се подметнати бидејќи бројот е голем, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Дополнителен проблем е ветерот, кој ги поттикнува, а во еден миг може да се претвори во уште поголем“, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Тој додаде дека во последните 24 часа на територијата на Македонија имало три шумски пожари, од кои оној во „Јасен“ бил најтежок за гаснење.

„На долната страна од патот, од портата „Јасен“ кон езерото Козјак, ситуацијата е многу лоша. Има густ чад, а видливоста е слаба, особено за авиони, па не можеме да дејствуваме од воздух. На терен, покрај екипите на УРВМ и МВР, има и екипи од „Јасен“ и „Национални шуми“, неколку специјални возила и камиони-цистерни, а од вчера пожарникарите од Кавадарци помагаат со две возила“,вели Ангелов.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top