Македонија

Анри Барбис: Македонците, коишто имаат свој автентичен посебен јазик и своја неспорна етничка оригиналност, го немаат дури ни правото да се нарекуваат Македонци!

„Македонците, коишто имаат свој автентичен посебен јазик и своја неспорна етничка оригиналност, го немаат дури ни правото да се нарекуваат Македонци. Нам ни припаѓа правото јасно и високо да протестираме против поробувањето и угнетувањето на еден народ.“  – напишал Анри Барбис на во својата статија со наслов „Поробен народ“ („Un peuple asservie“), која е објавена на 28 јуни 1930 година во публикацијата „Монд“ број 108. Барбис е блескав француски писател, добитник на највисоки француски државни награди за вредностите на својата литература. Во „Поробен народ“ овој француски писател употребува директно за Македонците оригинални француски формулации „une nation“, „langue distincte“ и „originalité ethnique“, кои во францускиот политички и интелектуален речник од тоа време имале многу силно значење и означувале: посебен народ, посебен идентитет и различен, посебен јазик. Формулациите на Барбис „свој посебен јазик“ и „неоспорна етничка оригиналност“ се јасно признавање на постоењето на македонскиот народ и на македонскиот јазик среде интелектуална Франција и интелектуална Европа. Уште пред сто години, Барбис зборува експлицитно за Македонците како посебна нација, а не како дел од друга балканска нација.

Пишува: Свето Тоевски

Анри Барбис е еден од најпознатите европски интелектуалци од времето меѓу двете светски војни, како дел од големата низа француски и европски интелектуалци, кои јавно говореле и пишувале за македонското прашање, за постоењето на македонскиот народ и за македонскиот јазик. Барбис ги искажува своите погледи особено во контекст на политичката состојба на Балканот по Првата светска војна, поделбата на Македонија и репресиите врз македонското население во Егејска и Вардарска Македонија. Зошто Анри Барбис имал такви ставови за македонскиот народ? Тој бил познат пацифист и левичарски интелектуалец, автор на романот „Оган“ („Le Feu“), по кој станал светски познат. Барбис жестоко се спротивставувал на националното угнетување, асимилацијата и репресиите врз националните малцинства. Во меѓувоениот период активно се интересирал за Балканот и сметал дека македонското население е жртва на поделбата на Македонија меѓу Грција, Србија и Бугарија.

 Исклучително историско значење на ставовите на Барбис

Анри Барбис, големиот пријател на македонскиот народ, е роден на 17 мај 1873 година во Париз, а починал на 30 август 1935 година во Москва. Неговото промакедонско дело одекнало силно во неговото време во срцето на Европа и во Балканот.  Не само како француски писател и интелектуалец туку и како општественик Барбис се залагал силно за заштита на македонското население од тероризирање. Како член на Комунистичката партија на Франција (1923) бил претседател на Светскиот комитет против фашизмот и војната и претседател на Комитетот за одбрана на жртвите од белиот терор на Балканот, со седиште во Париз. Меѓу другото, учествувал во анкетата за теророт од ванчомихајловистите врз недолжното македонско население и заедно со други интелектуалци испратил протестна телеграма до бугарската влада во 1925 година. Во својата книга „Џелатите. Во Балканот: бел терор (еден ужасен политички процес“), објавена во 1926 година во Париз, го осудил теророт на бугарската влада на Александар Цанков во пиринскиот дел на Македонија.

Барбис бил поврзан и имал контакти со левичарски кругови околу списанието „Балканска федерација“, каде што често се застапувало правото на самоопределување на народите на Балканот. Во тие кругови, македонското прашање се претставувало како нерешено национално прашање. Ставовите на Анри Барбис се реакција на асимилаторските политики: во неговите текстови има силна критика кон политиките на негирањето на македонскиот идентитет, особено и во егејскиот дел на Македонија. Тој сметал дека е неправедно народ со свој јазик, локална култура и историски континуитет да нема право на сопствено име и национално признавање. Историското значење на неговите ставови е исклучително, бидејќи се изнесени од познат западноевропски интелектуалец, но и со оглед на тоа што се изнесени многу пред официјалната кодификација на македонскиот литературен јазик во 1945 година. Ставовите на Барбис претставуваат пример и потврда на фактот дека во западноевропската интелектуална јавност постоеле автори што ги признавале Македонците како посебен народ.

Анри Барбис оставил големо книжевно и публицистичко дело. Некои од неговите најзначајни книги се книгата со поезијата од 1985 година „Оплакувачи“ („Pleureuses“), романот од 1903 година „Молители“ („Les Suppliants“), романот од 1908 година „Пекол“ („L’Enfer“), како и антивоениот роман за Првата светска војна „Оган“ („Le Feu“), со кој стекнал светска слава и ја освоил престижната и највисока француска книжевна награда „Гонкур“ („Prix Goncourt“).

Посебно го издвојуваме и неговиот „Манифест кон интелектуалците“ („Manifeste aux intellectuels“), кој е познат есеј и политички повик на Анри Барбис, објавен првично во 1927 година, а подоцна доживува повеќе изданија во 1929 и 1930 година. Тој ги повикува преку овој манифест писателите, уметниците и мислителите активно да се вклучат во општествените промени. Барбис ја нагласува општествената одговорност на интелектуалците: во есејот истакнува дека писателите и уметниците не смеат да бидат само пасивни набљудувачи или творци изолирани во својата уметност, туку оти мораат да преземат јасна општествена улога и да се борат за праведност.

Борбата на Анри Барбис за ширењето на вистината за Македонија среде Европа

 Професорот по француски јазик и поранешен декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, д-р Божидар Настев, во својата статија „Анри Барбис и Македонија“, истакнува дека Барбис во дваесеттите години на минатиот век не само што живо се интересирал за Македонија, како впрочем и за другите балкански земји, „туку и се ангажираше посебно да ja каже пред светот вистината за патилата што ги поднесуваше македонскиот народ од многубројните угнетувачи“. „Ставајќи ги во услуга на македонскиот народ и своето перо и големиот авторитет што тој го уживаше во светот како борец за правда, Анри Барбис го даде својот голем придонес во неговата борба за општествена и национална слобода. Затоа во него гледаме еден од оние слободоумни и смели духови на Франција, кои најмногу придонесоа оваа земја во очите на многу наши поколенија да значи симбол на слобода и напредок. Публицистичкото и книжевно дело на Барбис што се однесува на Македонија не било досега предмет на посебни осврти и останало до голема мера во сенка. Но не е без интерес да се знае што мислел големиот француски писател за нашата земја и со колку жар се залагал за остварување на правата на македонскиот народ.“ – ќе нагласи починатиот професор Настев во таа статија.

 

Најнови вести од: Македонија

Ѓероски: Филмот „Враќањето на бугарскиот Цар Самуил во татковината Бугарија“ е пропаганда и мизерија на најјако!

Ете баш вака изгледа „заедничката историја“ на европејски начин. Сите коски се бугарски! Политичка митологија и пропаганда пуштени на најјако. Грда и болна демонстрација на сила. Мизерија. А допрва ќе мора да признаеме дека нашата „заедничка историја“, всушност, е туѓа. Дека сме ја украле. Дека сме фалсификатори и лажговци. Дека, всушност, сме измислени и дека не постоиме. Уште има некој кому ова не му е јасно? Ова го истакнува новинарот Бранко Ѓероски во својата колумна со наслов „Цар Самуил се враќа во ‘татковината Бугарија’ со самолет, aj па ние утре Гоце Делчев ќе им го вратиме со дрон!“, објавена во порталот „Плус инфо“.

Манасиевски до Кузеска: Вие сте предавници, ВМРО ДПМНЕ е против „Бугари во Устав“ под бугарски диктат!

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој се осврна на актуелните случувања поврзани со уставните измени и односите со Бугарија и порача дека ВМРО-ДПМНЕ е против уставни измени под бугарски диктат.

Шамбевски: Бугарија чини катастрофално погрешен чекор во однос на Македонија со моштите на Самоил! Може да ги пренесе, но не и Самоиловата тврдина од Охрид!

Споменот на Царот Самоил е во многу нешта заслужен за развивање на македонскиот национален идентитет и како таков бил светилник во најтемните денови на овој народ. Неговите коски можете да ги преместите колку сакате. Но, планините, езерата, градовите и историските траги не ги собира во ковчег!“ – реагира Оливер Шамбевски, македонски политичар и поранешен амбасадор на Република Македонија во низа светски држави, во врска со циркусот така наречен „враќање на моштите на цар Самуил во Бугарија“.

ВМРО ДПМНЕ: Каракачанов да си ги покани во Бугарија Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил, кој има неизбришлива трага за Македонија!

„Во однос на поканата на Каракачанов до лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски за присуство на пренесување на моштите, посоодветно е таа покана да ја испрати до неговите истомисленици Зоран Заев и Венко Филипче.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ кон Красимир Каракачанов. Претходно, во текот на овој ден, на 30 септември 2026 година Красимир Каракачанов, во улога на претседател на бугарската партија ВМРО и поранешен бугарски вицепремиер му упати дрска и провокативна покана на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Македонија Христијан Мицкоски „да присуствува на 3 октомври 2026 година на враќањето на посмртните останки на големиот бугарски владетел цар Самуил во неговиот роден град, во Софија, како знак на почит кон една од најзначајните личности во нашата заедничка средновековна историја“!

Македонија со стабилни девизни резерви, банките со солидна ликвидност

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност.

Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти, рече министерот Сулејмани за Годишните конкурси

Министерот ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Најнови вести

To top