Македонија

Антонио Кошта доаѓа во посета на Скопје, ќе се разговара за повеќе теми, но и за спорот со Бугарија

Македонската влада утре ќе го пречека Антонио Кошта со отворениот спор со Бугарија. Првиот човек на МНР Тимчо Муцунски – вели дека претседателот на Европскиот совет имал повеќе обиди за постигнување на решение. Во таа насока ќе продолжи и утрешната средба со Кошта.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, утре ќе престојува во официјална посета на земјата. Една од главните теми што се очекува да бидат дискутирани на средбите е и прашањето со Бугарија. Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски изјави дека позициите на државата се засновани на јасни принципи, нагласувајќи дека како што Бугарија има очекувања од нашата земја, така и Македонија има свои очекувања.

Шефот на македонската димпломатија Тимчо Муцунски вели дека Владата останува на своите позиции за гаранции дека кон земјава веќе нема да има барања поврзани со историјата, идентитетот и културата на македонскиот народ од страна Бугарија во процесот на пристапните преговори за членство во Европската Унија. На ова, дополнително, се надоврзува и инстирањето на македонската страна официјална Софија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбир во врска со македонското малцинство во Бугарија.

Муцунски денеска ова го кажа одговарајќи на новинарски прашања за очекувањата што македонската влада ги има од утрешната посета на земјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој денеска ја започна својата турнеја низ земјите од Западен Балкан, а која доаѓа во пресрет на Самитот на држави од овој регион што кон крајот на неделата треба да се одржи во Тиват, Црна Гора.

Спорот со Бугарија, како што наведе министерот, со сигурност ќе биде една од темите на разговори со претседателот на Европскиот совет, кој, соред Муцунски, досега бил проактивен чинител и имал неколку обиди да помогне да се дојде до решение. Прашан дали на маса ќе има некаков нон-пејпер, шефот на македонската дипломатија рече дека во моментот се разговара за идеи кои треба да доведат до достоинствено решение, што, како што рече, не било случај кога за ова прашање одлуките ги носела пртетходната владата.

  • „Знаете добро и тоа неколкупати сме го дискутирале, дека идеите доколку јавно ги презентираме, веднаш нема да имаат ефект. Имаме дискусија којашто трае од моментот на формирањето на оваа влада. Ние сме свесни дека има збор за кој треба да има достоинствено решение. Разликата меѓу нас и нашите претходници е што ние го ставаме тој збор ‘достоинство’ пред зборот ‘решение’, не решение да има по секоја цена, и во таа смисла повеќе идеи се споделени, нон-пејпер не постои, постојат идеи, се споделуваат со претставниците на Европската Унија, со претставниците на земјите членки, но сите идеи се во рамките на тие принципиелни очекувања, кои ние како држава ги имаме“, рече Муцунски.

Примарното очекување на Владата во Скопје, рече шефот на дипломатијата, е да се постават јасни институционални гаранции дека ова ќе биде последната пречка од билатерален карактер за Македонија и второто прашање за кое се дискутира е непримената на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) од страна на соседна Бугарија, а кои се поврзани со малцински права во, како што кажа, една држава која е земја членка на Европската Унија. Одговарајќи на дополнително прашање за тоа дали и бугарската страна е запознаена со нашите позиции, Муцунски рече дека на својата бугарска колешка Велислава Петрова-Чамова, за време на нивната прва средба пред десетина дена во Хелсинборг, Шведска, „прилично јасно ѝ ги кажал македонските позиции“.

  • „Идеите се дел од позициите. Кажав дека ако Бугарија има очекувања од нас, секако и ние имаме очекувања од Бугарија, бидејќи како што многу пати имаме кажано – ова не е еднонасочна улица. Бидејќи ја слушнав колешката дека зборуваше за барање решение, ние сме тие кои бараме решение, ние сме тие проактивните, но истовремено треба да има свест во Софија за одговорноста кон регионалната безбедност, спрема регионалната стабилност“, рече Муцунски.

Надоврзувајќи се во одговорот, однесувањето на Софија кон ова прашање тој го оцени како неодговорно.

  • „Односот на Софија кон ова прашање во моментот е однос на неодговорност и негрижа. Ќе повторам, ние сме земји членки на НАТО и сме партнери во Алијансата, навистина е невидено во ова време партнери во Алијансата да си поставуваат таков тип на препреки едни спрема други. Јас ја повикувам Софија да погледне малку кон себе, да биде поодговорна кон регионалните процеси, коишто се и геополитички значајни“, рече Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, го означи стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, на кој годинава учествуваат рекордни 15.020 натпреварувачи. Ѓорѓиевски порача дека Скопје денеска е во знакот на спортот, а илјадници учесници со различни цели и лични приказни ги исполнија улиците на главниот град. […]

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top