Македонија

Антова Пешева: Ристоска требаше да замине кога видела која ѝ е шефица

Има некој од тоа маиците кои ги носеа на гради?

На извршната директорка на компанијата „Ултра“, Анета Антова Пешева, не ѝ е гајле што една од тројката ,,Чарлиеви ангели” Ленче Ристоска поднеала оставка и веќе нема да биде обвинителка.

Антова Пешева која е почесен конзул на Канада во Македонија смета дека оставката требала да се случи кога Ристовска и цела јавност видела дека шефицата на екс СЈО била медиокритет.

,,Баш ми е гајле дека Ленче дала оставка. Сите од тоа време на Катица Јанева ако имаа доблест ќе си дадеа пред многу години оставка. На што ова личи. Имаш ѓомити суд, обвинителства, а всушност го немаш. Се е партиска интервенција. Ленче можела да си даде оставка тогаш во сред мандат кога видела дека има медиокритет за шеф”, пишува во објавата Антова Пешева.

Таа потсетува целото ,,СЈО движење” кое ги славеше Јанева, Ристоска и Фатиме Фетаи.

,,П.С. Има некој од тоа маиците кои ги носеа на гради”, прашува бизнисменката која важи за реален и објективен набљудувач на македонските работи.

СЈО каде Ростовска беше еден од симболите заврши неславно со многу корупција а сега се гледа дека целата институција била алатка на СДСМ за политичка пресметка.

Фото: Ултра

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

Азески во Битола: Фокус на инфраструктурата како клуч за развој на регионот

Битолскиот регион има околу 5.000 правни субјекти и учествува со 9 до 10 проценти во бруто домашниот производ на државата, што ја потврдува неговата значајна улога во националната економија.

To top