Македонија

АВМУ со осуда за заканите од Костадинов кон Латас

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осудува заканите на струмичкиот градоначалник, Костадин Костадинов кон новинарот Драган Павловиќ Латас објавени на социјалните мрежи. „Политичарите и носителите на јавни функции, мора да бидат пример за достоинствена комуникација и да се воздржат од изјави што можат да поттикнат омраза во јавниот дискурс и да доведат до […]

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осудува заканите на струмичкиот градоначалник, Костадин Костадинов кон новинарот Драган Павловиќ Латас објавени на социјалните мрежи.

„Политичарите и носителите на јавни функции, мора да бидат пример за достоинствена комуникација и да се воздржат од изјави што можат да поттикнат омраза во јавниот дискурс и да доведат до дела мотивии од омраза. Апелираме да се почитува слободата на медиумите и новинарите, и доколку политичарите и носителите на јавни функции имаат забелешки на медиумските содржини да ги користат институционалните механизми за реакција“, велат од АВМУ.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top