Македонија

Автошколи договарале цени за обука на кандидати за возачи

Индиции дека ги „координирале“ цените што е спротивно на Законот за заштита од конкуренција

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека во рамки на тековната работа за утврдување можни повреди на Законот за заштита на конкуренцијата, изврши увид во повеќе авто-школи на подрачјето на  Македонија, при што постапувањето на Комисијата опфаќа активности поврзани со над 40 автошколи.

„Увидот покажа индиции за можност автошколите да ги координирале цените на обуките, што е спротивно на член 7 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата“, соопштија од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Комисијата најави дека ќе продолжи со интензивно прибирање докази и со детална анализа на сите релевантни факти. Доколку се потврди дека навистина постои забрането договорно дејствување, ќе следуваат соодветни санкции, во согласност со законските одредби.

Од институцијата нагласија дека остануваат посветени на заштитата на фер пазарните услови и на интересите на потрошувачите, потенцирајќи дека секое нарушување на конкуренцијата директно ја оштетува јавноста и го нарушува интегритетот на економскиот систем.

Комисијата продолжува со интензивно прибирање докази и детално утврдување на сите релевантни факти. Доколку се потврди постоење на забрането договорно дејствување, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно Законот. Комисијата останува посветена на заштита на конкурентниот пазар и интересите на потрошувачите.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Одложена седницата на работната група за реформи во изборното законодавство, материјалите не биле преведени на албански јазик

Денес не се одржа конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите.

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

To top