Македонија

Азербејџански тренер давеше македонски судија на средношколки турнир во бокс (ВИДЕО)

На теренот влегуваат повеќе луѓе кои го спречуваат азербејџанецот да го удави судијата кој го водеше мечот

 

Во инцидентот кој се случил викендов на Златибор азербејџански тренер давеше и тепаше македонски судија на средношколски турнир во бокс.

На турнирот на кој настапуваат средношколци од повеќе земји на меч меѓу млади српски и азербејџански боксери одеднаш тренерот на боксерот од Азербејџан влегува во рингот и почнува да го дави македонскиот судија.

На теренот влегуваат повеќе луѓе кои го спречуваат азербејџанецот да го удави судијата кој го водеше мечот.

 

Во видеото се гледа дека и други млади спортисти од трибините се симнуваат на теренот.

Сето ова се случуваше пред полни трибини со деца кои беа дел од овој настан и како гледачи и како учесници.

Моментот кога агресивниот тренер влегува во рингот е на 3 часа и 32 минути од официјалното видео на настанот

 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top