Македонија

Азески: Дијалогот е единствениот начин за договор за минималната плата, не протестите!

„Дијалогот е клучен за решавање на проблемот со минималната плата.“ – нагласи претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, кој денеска беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што ќе биде отворен Инвестициски центар. Запрашан за барањата за зголемување на минималната плата и поврзано со протестите на Сојузот на синдикатите на Македонија, Азески рече дека со протести нема да се најде решение за зголемување на платите на работниците и оти е затоа неопходен дијалог. Во меѓувреме во март треба да се разговара за усогласувањето на минималните плати во државата.

„Стопати сум повторил, дијалог, дијалог и дијалог! Протестот не е никакво изразување некакво мислење. Тоа може само да го усложни. Што да речам јас сега, да дадам изјава дека имаше 21 претставник на Синдикатот пред Комора и тогаш ќе се скараме веднаш. Така е. Затоа што ќе мисли дека нешто навредуваш. Дајте да седнеме, да видиме, нема потреба да ја оптоваруваме јавноста. Тоа прашање е уредено со Закон и во март се се разговара за усогласување и регулирање. Ние сега стоиме на улица, наместо да преговараме во институциите. Не велам дека течат мед и млеко во Македонија, ги знам сите проблеми, сите пропусти, кои што постојат.“ – напомна првиот човек на Стопанската комора на Македонија Азески.

 Тој стои на ставот дека неопходно е да се разговара, за да се најде решение, што ќе одговара и за двете засегнати страни: и на работниците и на работодавачите. „Нас подеднакво нѐ интересираат и работниците и работодавачите, зашто нема фирма без работници и без работодавачи. Нашата услога е да бидеме мост, сите сакаме поголеми плати, но прашањето е дали има, дали може.“ – вели Азески.


Според него, ако во рамки на тристраните разговори во Економско-социјалниот совет не се постигне договор за минималната плата, тогаш че биде потребно повторно да се седне на заедничка маса и да се продолжи со разговорите. „Никој не сака да го наруши достоинството на работникот, којшто мора да биде почитуван, а на работодавачите да им се восхитуваме затоа што успеваат да направат нешто и да се изложат на опасност, за разлика од другите во општеството.“ – посочи Азески.

Македонска информативна агенција-МИА

Најнови вести од: Македонија

Извршителот „побрз“ од општина Струга: бара наплата на 93 илјади евра долг со камати од 2016, ја блокирал продажбата на „аудито“ на Мерко!

Поради извршна постапка за стар долг на Општина Струга оневозможена е постапката за продажба на службениот автомобил Ауди А6, кој требаше да биде ставен на аукција на 16 март 2026 година со почетна цена од околу 22 илјади евра, а парите да бидат потрошени за купување комби-возило за потреби на спортските клубови и Центарот за деца со посебни потреби, соопшти денес општина Струга.

Тригодишно дете од Штип затруено со „бензодиазепини“! – Мајката го донела во штипската болница во тешка здравствена состојба!

Тригодишно дете од Штип вчера е примено во Клиничка болница-Штип на одделот за Педијатрија. По извршените испитувања е констатирано дека има присуство на „бензодиазепини“, соопштија од СВР-Штип.

Николоски на министерски состанок во Вашингтон: Ги развиваме автопатите и железницата, инвестициски циклус од неколку милијарди евра

Николоски во своето обраќање на глобалниот форум ”Trasforming Transportation 2026“ што се одржува во Вашингтон во организација на Светска банка, го потенцира значењето на коридорите и инвестициите што се реализираат

Ѓорѓиевски: Левица е најголемото бандитско здружување во Скопје, најголемото зло, што му се случило изминативе десет години!

Денес на седницата на Советот на Град Скопје градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека „политичката партија Левица е најголемото бандитско здружување во Скопје!“

Ќе се гради кружен тек кај Народна банка и две монтажни катни гаражи во рамки на Клинички центар

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека средствата се обезбедени без нови задолжувања и дека ќе бидат вложени во проекти кои директно треба да го подобрат секојдневието на граѓаните

Најнови вести

To top