Спорт

Барди со вториот најубав гол на колото во евроквалификациите за СП во изборот на УЕФА (ВИДЕО)

Ремек-делото од слободен удар на македонскиот капитен против Казахстан со признание од европската „куќа на фудбалот“

Голот на македонскиот капитен Енис Барди во ремито 1:1 со Казахстан во понеделникот во Скопје е прогласен за втор најубав погодок на колото од евроквалификациите за Светското првенство 2026 во изборот на официјалната страница на Икс на УЕФА за машките фудбалски репрезентации.

Најубавиот гол го има Гијом Лопез од Андора, кој погоди безмалку од центарот на теренот против Србија, а трет е погодокот на Холанѓанецот Коди Гакпо против Финска.

Четврти во изборот на УЕФА е голот на Грузиецот Ѓорѓи Кочарашвили против Турција.

Најнови вести од: Спорт

To top