Македонија

Бебе почина в болница – телото дадено на обдукција

Министерството за здравство соопшти дека наложило Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши инспекциски надзор во Општата болница во Кавадарци во врска со случајот со починатото новороденче. Од болницата денеска соопштија дека бебето со иницијали У. М., на возраст од два месеца, кај нив било примено поради обилно повраќање по хранење.

Жална вест во Македонија. Згасна уште еден млад живот. Двомесечно бебе починало синоќа на детското одделение во Општата болница во Кавадарци по дводневна хоспитализација во болницата. Бебето на 12 јануари било примено на Одделот за педијатрија поради обилно повраќање по хранење. Од болницата во Кавадарци велат дека додека било хоспитализирано, бебето имало уредни лабораториски анализи и параметри. Два дена подоцна, по итен повик од мајката дека детето не може да дише, бил повикан педијатар и анестезиолог кои почнале процес на реанимација.

  • Започната е реанимација со соодветна терапија која траела околу 35 минути, но за жал без успех. По констатирањето на смртта, согласно законските процедури, известени се надлежните служби – Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство. Земени се изјави од родителите и од дежурниот медицински персонал, по што телото на доенчето е предадено на обдукција, со цел утврдување на точната причина за смртта, велат од Општа болница Кавадарци.

Министерството за здравство соопшти дека наложило Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши инспекциски надзор во Општата болница во Кавадарци во врска со случајот со починатото новороденче. Од болницата денеска соопштија дека бебето со иницијали У. М., на возраст од два месеца, кај нив било примено поради обилно повраќање по хранење.

СВР Велес претходно соопшти дека синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21.35 часот на детското одделение во Општа болница во Кавадарци починало бебе на возраст од два месеца.

  • Според пријавеното, бебето било хоспитализирано на 12.1.2026, но починало и покрај дадената медицинска помош и направената реанимација. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција – соопшти СВР Велес.

Најнови вести од: Македонија

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

Стартува системот влез и излез за патување во ЕУ – Македонците ќе чекаат повеќе

Европската комисија потврди системот за влез и излез од утре станува целосно оперативен на сите надворешни граници на ЕУ. Сите патници што доаѓаат од земја што не е дел од ЕУ ќе мора да ги остават своите биометриски податоци, фото и отпечатоци од прсти во системот. Од Брисел велат има технички проблеми со системот кај некои земји членки за што до есен ќе дозволуваат негово делумно суспендирање во случај на предолги чекања на границите.

Тим на УНЕСКО во мај доаѓа во Охрид и Струга – Мицкоски: За Коридорот 8 има решение, но што да правиме со надградбите?!

Во втората половина на мај, делегација на УНЕСКО се очекува да дојде во Македонија за одблиску да разгледа можност за решение за делницата Требеништа–Ќафасан од Коридорот 8 во заштитената зона на Охридското езеро. Премиерот Мицкоски изјави дека проблем не е само трасата, туку и бесправните градби во Струга и Охрид, направени во изминатите години и покрај предупредувањата за можно отстранување од листата на светско културно и природно наследство. Тој додаде дека жителите имаат проблеми со градежните ограничувања поради проширување на семејствата.

To top