Македонија

БГНЕС: Европскиот парламент на пат да ги признае македонскиот идентитет и јазик!

„Европскиот парламент (ЕП) е пред усвојување извештај за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, кој ќе содржи признавање на македонскиот идентитет и јазик на четири места. Ова ќе биде второто законодавно тело во Европа по германскиот Бундестаг, кој на 15 јуни 2023 година со своја резолуција ги призна македонскиот идентитет и јазик, без никаков одговор […]

„Европскиот парламент (ЕП) е пред усвојување извештај за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, кој ќе содржи признавање на македонскиот идентитет и јазик на четири места. Ова ќе биде второто законодавно тело во Европа по германскиот Бундестаг, кој на 15 јуни 2023 година со своја резолуција ги призна македонскиот идентитет и јазик, без никаков одговор од бугарска страна“, објави бугарската информативна агенција БГНЕС.

„Ова е прв пат ЕП да признае јазик и идентитет што северномакедонскиот премиер Христијан Мицкоски ги нарекува ‘многувековни’. Признанието ќе биде дадено со следниот извештај на Европскиот парламент за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, кој треба да биде усвоен во јули. Признавањето на јазикот и на идентитетот беше постигнато откако главниот известувач – Австриецот Томас Вајц од партијата Зелени – постигна консензус со другите седум известувачи ‘во сенка’ што ги претставуваат политичките семејства во ЕП“, се додава во написот.

Агенцијата напомнува дека партијата Зелени на Вајц е коалициски партнер во ЕП со Европската слободна алијанса (ЕСА), која ги претставува малцинствата, барајќи регионална автономија, самоуправување и независност во рамките на ЕУ. Членки на ЕСА се партиите ОМО „Илинден“-ПИРИН, забранета во Бугарија, и Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), која го негира постоењето Бугари во Албанија.

„Проверката на регистарот на состаноците на Европскиот парламент покажува дека, од неговото назначување за известувач, Томас Вајц одржал 36 состаноци со властите на Северна Македонија и ниту еден со организациите на Бугарите во Северна Македонија.

Томас Вајц неколку пати го одложуваше почетокот на преговорите за извештајот, а тие конечно започнаа на 14 мај, а не како што беше планирано – на крајот на март. Над 40 предлози за извештајот беа дадени од бугарските европратеници Андреј Ковачев – ГЕРБ и Ивајло Валчев – ИТН. На денот кога започнаа преговорите, на покана на самиот Вајц, 15 пратеници од Северна Македонија одржаа состаноци во зградата на ЕП, а претходно, на 12 мај, истото го стори и министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Томас Вајц организираше официјален ручек за македонските пратеници со ‘известувачите во сенка’, на кој бугарските пратеници не беа поканети. Кога преговорите започнаа подоцна истиот ден, бугарските европратеници сфатија дека пратениците од Скопјe ги имаат сите свои текстови и предлози однапред. Известувачот Томас Вајц признава дека извештајот ‘протекол до медиумите во Северна Македонија пред една недела’, што претставува грубо кршење на правилата на Европскиот парламент.

Како резултат на постапките на Томас Вајц и успешните лобистички напори на Скопјe, речиси сите текстови на бугарските европратеници беа отфрлени од известувачите, но беа усвоени шест предлози ЕП да го признае македонскиот идентитет и јазик. БГНЕС ги има текстовите на признанијата, кои се апсолутно идентични, иако беа предложени од пет европски пратеници од три различни политички партии – 3 од ЕПП, 1 од социјалистите, 1 од Зелените. До објавувањето на статијата, БГНЕС не доби одговор на прашањето како е можно пратеници од различни политички партии да поднесат идентични текстови за македонскиот идентитет и јазик, пишува БГНЕС.

„По состанокот на 14 мај, пратеникот Ивајло Валчев испрати протестно писмо до претседателката на ЕП, Роберта Мецола, сигнализирајќи дека известувачот Томас Вајц ја нарушува транспарентноста и ја компромитира неутралноста на извештајот на ЕП. Според Валчев, имало ненајавени средби меѓу Вајц и македонски претставници во Брисел и во Скопје за време на подготовката на извештајот, како и координација на амандманите од страна на европратениците од три политички групи, повторувајќи ги буквално барањата за ‘признавање на македонскиот јазик и идентитет’. Според Валчев, известувачот Томас Вајц покажал недостиг на транспарентност, бидејќи многу од состаноците не биле евидентирани во Регистарот на транспарентност на ЕП во времето на извештајот, и дека тој дозволил нацрт-извештајот да протече во македонските медиуми. Според Валчев, ова покажува надворешно мешање во внатрешните процеси на ЕУ.

Кратко откако беше сигнализирано од Валчев, Томас Вајц одеднаш ретроактивно регистрираше 31 состанок со северномакедонски претставници што веќе се одржал, а претходно наведе само 5“, стои понатаму во текстот.

„Извештајот на ЕП треба да биде разгледан од Комисијата за надворешни работи на 4 јуни, а запознаените со ова прашање велат дека е малку веројатно признавањето на македонскиот идентитет и јазик да биде отфрлено, бидејќи веќе е усвоено со консензус за време на состанокот на известувачите на 14 мај“, заклучува БГНЕС во опширната статија.

Најнови вести од: Македонија

Стартува системот влез и излез за патување во ЕУ – Македонците ќе чекаат повеќе

Европската комисија потврди системот за влез и излез од утре станува целосно оперативен на сите надворешни граници на ЕУ. Сите патници што доаѓаат од земја што не е дел од ЕУ ќе мора да ги остават своите биометриски податоци, фото и отпечатоци од прсти во системот. Од Брисел велат има технички проблеми со системот кај некои земји членки за што до есен ќе дозволуваат негово делумно суспендирање во случај на предолги чекања на границите.

Тим на УНЕСКО во мај доаѓа во Охрид и Струга – Мицкоски: За Коридорот 8 има решение, но што да правиме со надградбите?!

Во втората половина на мај, делегација на УНЕСКО се очекува да дојде во Македонија за одблиску да разгледа можност за решение за делницата Требеништа–Ќафасан од Коридорот 8 во заштитената зона на Охридското езеро. Премиерот Мицкоски изјави дека проблем не е само трасата, туку и бесправните градби во Струга и Охрид, направени во изминатите години и покрај предупредувањата за можно отстранување од листата на светско културно и природно наследство. Тој додаде дека жителите имаат проблеми со градежните ограничувања поради проширување на семејствата.

Костадиновски: Никој нема да го чепне албанскиот јазик, неточно е дека некој сака да ја намали неговата употреба, затоа да не се манипулира со ова!

„Сакам да упатам еден апел, бидејќи премногу се манипулира со ова прашање. Никој нема да го чепне албанскиот јазик. Уставниот суд постои, за да помогне во уставно-загарантираните права дали се јазични, дали се соодветна правична застапеност, да бидат заштитени а не да ги укине. Тие се уставна категорија така што не ги прифаќам никако тие квалификации дека некој сака да го укине албанскиот јазик, да ја намали употребата, или да го загрози албанскиот јазик. Тоа е апсолутно неточно!.“ – нагласи претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Дарко Костадиновски во интервјуто за емисијата „Со факти”, емитувана на 08.04.2026 година на МРТ 1.

Хаџиу: Македонија без Албанците не е држава, таа е опасност! Ако продолжи нивното потценување како државотворен чинител, ќе се отвори пак фронт во Балканот!

„Албанците во Македонија се соочуваат сега со политичка практика, која ги потценува и ги релативизира, иако се државотворен чинител, а на ова нема никаков јасен и силен одговор од официјална Тирана. Секое слабеење на Албанците како фактор не е само нивно прашање. Тоа е отворање нов фронт во област, која отсекогаш била кревок тампон на Балканот.“ – наведува новинарот и политички аналитичар од Косово Батон Хаџиу во својата колумна со заканувачки наслов „Македонија без Албанците не е држава, таа е опасност!“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје.

Скопјаните Љ.А.(35) и Н.Д.(40) нападнале пејачка во локал во Аеродром и ѝ се заканувале, па полицијата ги уапсила!

Двајцата напаѓачи се лишени од слобода по инцидентот во угостителскиот објект на подрачјето на општина Аеродром, каде што, според пријавата, физички ја нападнале пејачката и ѝ упатувале закани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Фаризи: ДУИ не може да функционира во правна држава, туку само во илегала, бидејќи оттаму се дојдени! – Нивен беше протестот за правосудниот испит на албански јазик!

„Ние треба да водиме надворешна политика, која ќе биде во рамнотежа со сите големи актери на светот. Ние сме демократска држава со стремеж кон Европската унија, но треба да ја водиме политиката според интересот на нашата држава, а не како ќе му се допаѓа на некој друг. Христијан Мицкоски дојде на власт со ветување дека ќе има цврст став оти нема да се промени на Уставот, ако нема гаранција од страна Бугарија. Тоа го подржувам. Ние не сме единствената држава, која има преговарано со соседите и нема држава, која платила толкава цена.“ – нагласува политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи во одговорот на прашањето како ја оценува Македонија на надворешен план, во рамки на интервјуто за „Република“.

To top