Македонија

Битолска Апелација три месеци нема одговор на барањето за притвор на Мерко

По 10-тина предмети против Мерко

Иако поминаа повеќе од три месеци, Апелациониот суд во Битолa сè уште не донесе одлука по жалбите на струшкото обвинителство, во врска со случаите каде што обвинет беше поранешниот градоначалник на општината, Рамиз Мерко. Струшките обвинители побараа ефективна затворска казна за сите случаи. Додека досиејата за Мерко останат во фиоките на Апелациониот суд, нема одговор.

„Предметите се примени во август и октомври 2025 година и сè уште не се решени“, велат од Апелациониот суд, Битолa за Алсат ТВ.

За незаконското назначување директори во пет училишта, Мерко се извлече само со парична казна од 12.500 евра и условна казна. Тој избега и од затвор за купување луксузен автомобил „Ауди А6“ вреден 67.000 евра, за кој новиот градоначалник, Менди Ќира, предупреди дека ќе го продаде.

„Предметите се во Апелациониот суд во Битолa и сè уште се чека одлуката по жалбите. Доколку оценат дека имало прекршување на постапката, тогаш предметот ќе биде вратен на повторно судење. Доколку сметаат дека има нешто поврзано со санкцијата, тогаш претпоставувам дека ќе бидат променети или можеби дури и потврдени. Сепак, додека не донесеме одлука, ова останува само шпекулација“, изјави Јордан Јованов – судија.

Неодамна, против Мерко и уште четири лица, полицијата поднесе кривична пријава за уривање на куќата-музеј на Владо Малески во Струга. Јавното обвинителство вели дека е отворен предмет и дека се издадени неколку наредби за проверка, вклучувајќи го и соодветното вештачење.

„Обвинителството продолжува да обезбедува докази, по што ќе се донесе одлука“, велат од Јавното обвинителство, Струга.

Во моментов, против Мерко, кој е на црната листа на САД, се активни три случаи. На 24 декември, во Струга продолжува судењето за осветлувањето што го поставил на коритото на реката Црн Дрим. Тој е обвинет за пречекорување на овластувањата и потпишување договор за реализација на проектот за осветлување со 300 светилки во должина од 900 метри. За реализација на проектот, на правно лице од село Мислодежда му се исплатени 6,8 милиони денари. Истиот ден, продолжува судењето за нелегално поставување спомен-плоча на општинската зграда. Мерко е исто така еден од обвинетите за неовластена изградба на објект во хотел во Струга. Судењето што се одвива во Основниот суд во Битолско сè уште не е започнато.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Општина Охрид ги засилува активностите за затворање на депонијата „Буково“ и воспоставување нов систем за комуналниот отпад

Завршена е постапката за избор на проектант за изработка на техничката документација за затворање на нестандардната депонија „Буково“, а во тек се и активностите за изградба на претоварна станица кај Мауцкер и собирен центар во Охрид. Претоварните станици и Регионалниот центар за управување со отпад во Новаци се очекува да бидат функционални во 2030 година. Ова беше истакнато на денешната средба во Општина Охрид, посветена на новиот Регионален план за управување со отпад и воспоставувањето интегриран систем за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион.

Зафировски за признанието на Михаилова за ДАНС: Ова е бугарска пародија, во која самата се излаја за поврзаноста со тајните служби

Срамота и давање автогол, бугарска пародија во која Ива Михаилова самата недоветно се излаја за улогата на тајните служби и бугарската ДАНС во целиот нејзин „случај“, посочи безбедносниот аналитичар Воислав Зафировски во „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски. Недораснато дете кое избрза и искрено си кажа се што треба и не треба, класичен автогол во полза на Македонија за случај кој беше поддржан и од највисоките бугарски функционери.

Најнови вести

To top