Македонија

Бизнис Е-пакетите од УНИБанка обезбедуваат значајни заштеди за компаниите преку СЕПА системот!

УНИБанка им нуди на компаниите практично и современо решение – Бизнис Е-пакети

Во услови на сè поголеми барања за ефикасност и оптимизација на трошоците, УНИБанка им нуди накомпаниите практично и современо решениеБизнис Е-пакети.

Со избор на еден од Бизнис Е-пакетите, правните лица добиваат комплетна банкарска услуга која опфаќа одржување на сметка и електронско банкарство, како итрансакции со деловни партнери во земјата и странство. Со само една цена и на едно место, пакетите ги покриваат сите банкарски потреби и компаниите не мора да се грижат за поединечни трошоци за секоја трансакција.

Изборот на соодветен Бизнис Е-пакет од УНИБанка ви овозможува значителни заштеди – како на време, така и на средства. Во зависност од пакетот, на годишно ниво заштедите започнуваат од најмалку 17.000 денари, а можат да бидат и значително поголеми, во согласност со обемот на трансакции и видот на банкарски услуги што ги користите.

Дополнителна вредност за компаниите носи и приклучувањето на УНИБанка кон СЕПА, со што се овозможуваат пониски надоместоци и побрзи трансакции кон европските земји, што е особено важно за бизнисите со меѓународно работење.

Во понудата се вклучени различни пакети, чија месечна претплата започнува од само 690 денари, а кои одговараат на потребите на:

Претприемачи, стартапи и мали компании со умерен обем на трансакции,

Компании со поголем број дневни трансакции. Тие ќе ја препознаат вредноста на е-пакетот кој вклучува КИБС и МИПС трансакции во месечната претплата,

Компании кои соработуваат со странски партнери, остваруваат девизни приливи и вршат девизни плаќања. За ваквиот профил на компании достапни се Бизнис Епакетикои обезбедуваат неограничени девизни приливи, различен обем на девизни одливи, со вклучени СЕПА трансфери, како и зголемен број на КИБС и МИПС трансакции.

Е-пакетите се дизајнирани да одговорат на различните потреби на бизнисите според нивниот обем на работа и тип на операции. Дигитално се достапни, без потреба од физичка посета на експозитура.

УНИБанка со креирањето на овие Бизнис Е-пакети уште еднаш потврдува дека е современа европска банка, партнер на бизнисите во секоја фаза од нивниот развој и која има капацитет да одговори на сите барања и потреби на своите клиенти.

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top