Македонија

Бизнис идеи за решавање на секојдневните проблеми – Средношолците со борбен дух од еден милионер денари

Средношколци нудат решенија за проблеми кои возрасните со години па и децении ги одложуваат

Средношколци нудат решенија за проблеми кои возрасните со години па и децении ги одложуваат. Како паметно да се трошат парите, стратегија за инвестирање, тргување, купување недвижнини или криптовалути, креирање платформи за да се пријавуваат небезбедни точки – како темни улици, оштетени премини, диви кучиња или запуштени пешачки патеки, апликација за слободни паркинг места но и систем што открива неправилно паркирање – македонските тинејџери со оригинални идеи за секојдневните проблеми што им создаваат главоболки на граѓаните.

„Е апликација која со сензори детектира дали паркинг местото е зафатено или слободно. Потоа тие информации ги испраќа на апликација која е достапна за сите возачи и со ова ќе се реши еден од најголемите проблеми во Македонија – паркирањето. Нашиот план е да направиме договори со сите општини и нашиот систем да биде поврзан со наплаќање на јавните паркинзи “ вели ДАНИЕЛ ЗАХАРЧЕВ – Тим „Паркирај паметно“

„Нашата бизнис идеја е начин на кој основците добиваат поквалитетно образование за да не учат само напамет, туку ќе учат преку разбирање“ рече ДАВИД МИЛОШЕВСКИ – Тим „Памен пакет“

„Нашата бизнис идеја треба да победи затоа што ако не оваа идеја не можеме да ја промениме иднината на младите, и ако не сега – нема кога, ако не е нашиот тим – нема кој “ рече ИВАНА МИЛОШЕВА – Тим „КешКидс“

„Нашата идеја треба да победи затоа што се адаптира на новите AI системи, не ги користи за да направи зло, туку да направи добро. Многу луѓе вештачката интелегенција ја концепираат како опасност, ние даваме решение. Го претставуваме како нешто што не е опасно, туку како помош за бизнисите и на просечниот човек“ вели ЈОВАН ТАЛЕВСКИ – Тим „Stay be“

Сензорски систем за детекција на опасности, апликација за брзи медицински насоки, дигитален дневник за ментална хигиена, но и лесно наоѓање слободно место за вработување  – голем натпреварувачки дух помеѓу средношколците за да дојдат до милион денари- награда за најдобра идеја што ја доделува „Бреинстер“.

„Нашата идеја треба да победи затоа што е нешто што го немало во регионот и нашата држава, и затоа што сосема се контрира со досегашните начини на вработување и со борбата на непотизам. Затоа што сите треба да имаат еднаква и фер шанса за да се вработат“ рече ДИМОВ АНГЕЛ – Тим „Edulink“

„Нашата идеја е да креираме платформа со која ќе создадеме побезбедни улици“ рече ТИЈАНА ПАВЛОВА – Тим „Safe street“

„Сигурно сте биле во ситуација кога сте чекале многу долго да се јавите на некој од операторите и сте немале интернет, а ви требало, и токму тоа ќе го замени – и затоа сметам дека нашата идеја е навистина потребна “ ОЛЕГ ЈОВАНОВСКИ – Тим „Револа“

По селекцијата од 400-тини бизнис идеи, најдобрите 20 денеска имаат своја презентација. Само за 10  бизнис идеи има место во големото финале утре пред реални инвеститори, ќе се борат за наградата од 1.000.000. Најдобрите добија поддршка и од граѓаните со собрани над 34.000 гласови од цела држава.

„Јас многу среќен поголем дел од идеите се поврзани со вештачка интелегенција, бидејќи тоа е трендот. Вообичаено слушаме идеи кои се претходната ера, но сега поголемиот дел се поврзани со вештачка интелегенција“ вели Петар Ниновски  – основач и извршен директор на Бреинстер групацијата

Настанот е дел од иницијативите со кои Бреинстер ја спроведува својата визија за подобрување на бизнис климата, претприемачкиот екосистем и кадровските капацитети во Македонија во време на новата технолошка револуција, и конкретно, ги охрабрува младите да развиваат препознатливи бизнис идеи со реален потенцијал, поддржани од ментори, претприемачи и бизнис лидери.

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Одбележани 26 години од загинувањето на полициските херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак во Арачиново

Денеска се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници-херои и македонски херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои во 2000 година, при извршување редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново, беа подмолно и сурово убиени во заседа. Хероите на Македонија остануваат вечно вградени во колективната меморија, а нивната жртва ќе продолжи да инспирира сегашни и идни генерации.

ДИК: Излезноста на повторените локални избори зголемена само во Врапчиште, во другите општини намалена

На повторените локални избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше до 11 часот гласале 3 553 избирачи, односно 3,32 проценти од вкупно 128 286 запишани гласачи на 215 избирачки места, информира Државната изборна комисија (ДИК).

Мицкоски организира меѓупартиска лидерска средба, би се разговарало и за укинување на „Пржинската влада“

Премиерот Мицкоски минатата седмица изјави дека планира средбата да се оддржи на 14-ти јануари во Клубот на пратениците. Одлуката на премиерот доаѓа и покрај ставот на најголемата опозициска партија СДСМ да не учествува на таквата средба. 

МАН бара мерки против сите во СДСМ, кои навредуваат новинари и ги земаат како цел

Македонската асоцијација на новинари жестоко реагира на пресот на Филипче и бара да се преземат мерки и против новиот политички стратег на СДСМ, ПР агенцијата Прагма, која, како што велат, е одговорна за противзаконско делување на македонска политичка партија.

Жителите на тетовска Стримница бараат итна помош, поплавени им се куќите и загрозена им е безбедноста (Видео)

„Реката Вардар се излеа од коритото во селото Стримница, во општина Желино, во тетовскиот регион, предизвикувајќи поплави и материјални штети на некои куќи. Според жителите, водата им навлегла во визбите на куќите, загрозувајќи ги нивниот имот и безбедноста.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.

To top