Македонија

Блокадата на камионскиот превоз на стоки нема да реши ништо

Rешавање на проблемот со системот ЕЕС треба да се бара преку институциите, а не со блокади на граничните премини за да не се случи колапс на целата економија во државата и во регионот на Западен Балкан

Ако се наруши протокот на стоки на премините со Европската Унија на само еден ден, а не пак, на една седмица, губитници ќе бидат не само превозниците во меѓународниот патен сообраќај, туку и сите деловни субјекти влучени во надворешно трговската соработка, предупредуваат од Стопанската комора на Македонија по најавата на транспротните превозници дека од денеска во наредните седум дена ќе почнат со блокади на граничните премини.

„Минатата недела, Стопанската комора заедно со коморите од Западен Балкан, упати заеднички апел до претседателката на Европската комисија во кое укажавме дека очекуваме земјите членки да усвојат привремени мерки овозможувајќи им на професионалните возачи непречено да го вршат меѓународниот патен транспорт, сè додека не се воспостави трајно и системско решение.

Ваквиот пристап би бил во заеднички интерес на ЕУ и Западен Балкан и би претставувал јасен сигнал за веродостојна посветеност на интеграцијата на регионот и зачувувањето на функционирањето на синџирите на снабдувањe. Моменталниот пристап е неконзистентен со целите на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и тешко е да се усогласи со нашите заеднички напори за понатамошно интегрирање на економиите на регионот во Единствениот пазар на ЕУ“, порачаа од Стпанската комора.

Оттаму предупредуваат дека  никој не може да каже колкави ќе бидат загубите бидејќи ќе бидат по повеќе основи – пенали за задоцнета испорака, откажување договори, намалено производство, нереализиран извоз, неможност за навремено производство поради недостаток на суровина.

Но, сигурно е,  дека загубите ќе бидат од големи размери, оценуваат од Стопанската комора.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

To top