Македонија

Блокиран „Сејф сити“ оти ДУИ не сакале да бидат гласачка машинерија на власта, СДСМ тврди се следеле граѓаните

Го блокирале „Сејф Сити“, не учествувале во пишувањето на законите

ДУИ си најде оправдување зошто го блокира Сејф Сити. Немало да бидат гласачка машинерија на власта, па поради тоа не ги поддржувале измените на еден од клучните закони, за од први февруари да се почне со казнување на прекршоци, регистрирани преку системот Безбеден град. Генералниот секретар на партијата Арбр Адеми вели дека немало да го поддржат законот за прекршоци, бидејќи не биле консултирани при неговата подготовка, не споменувајќи проблеми во неговиот текст.

Ова е и помалку чудно бидејќи сите предлог измени се јавни, ги имаат сите 120 пратеници, како и сите граѓани. Дополнува дека не блокирале, бидејќи веќе немало можност за филибастеринг на собраниските седници, туку само не давале поддршка.

-Во тој процес потребен е инклузивен процес. При креирање на таквите прописи потребнен е консензус. И ако има интенција да има консензус тогаш проблеми нема да има, но ако некому му е интенција нас да не стави пред свршен чин, тогаш тоа е неприфатливо. Ако господинот Гаши мисли дека ќе бидеме гласачка машинерија на власта, многу греши, вели Адеми за Алфа.

Инаку, пред ДУИ да реши да го блокира законот во Собранието, проблеми во Сејф Сити најде и лидерот на СДСМ Венко Филипче. Бил механизам на власта за масовно следење на граѓаните, па морало да има техничка Влада и во предизборие технички министер за внатрешни работи од опозицијата, со цел контрола на овој систем.

-Легализација на масовен надзор без соодветни пи мерки преку системот сејф сити, со 65 илјади камери, овозможува дигитален надзор на движењето на граѓаните. И кога за граѓаните се воведува дигитален надзор контролата на ваквите системи контролата на овие системи станува прашање за опстанок на демократијата. Технички министер за внатрешни работи од опозицијата е гаранција дека овој систем нема да се злоупотреби, изјави Филипче пред четири дена.

Иако според најавите од Министерството за внатрешни работи казнувањето преку Сејф Сити требаше да започне од први февруари, сепак сега тоа станува неизвесно поради блокадите кои доаѓаат од Мала Речица.

Најнови вести од: Македонија

СДСМ призна дека српски пејач им ја прави партиската пропаганда

Во прилично конфузно соопштение за јавност кое може да се доживее и како шега СДСМ призна дека српски пејач им ја прави пропагандата со која Бихаќка сака да ја турне од власт ВМРО-ДПМНЕ за да се врати на Илинденска. Во соопштението освен што СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ има историски најголем пад на рејтингот има неколку […]

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

To top