Македонија

Борче Серафимовски е новиот министер за земјоделство, Минчев останува во секторот Јавна администрација

Минчев останува во секторот Јавна администрација

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски по одржаната денешна седница на Извршниот одбор на партијата попладнево на прес-конференција соопшти дека со владината реконструкција неговата партија го добива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ќе биде раководено од досегашниот државен секретар во Министерството и потпретседател на партијата Борче Серафимовски.

-Станува збор за човек кој ги обединува академското знаење, менаџерското искуство и практичното познавање на системот. Доктор е по организациски науки, магистер по меѓународни односи, дипломиран бизнис менаџер и дипломиран дефендолог, а во изминатите две години успешно ја извршуваше функцијата државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Она што за нас беше пресудно не се само неговите академски квалификации, туку фактот што доаѓа како човек кој веќе го познава системот, ги познава потребите на македонските земјоделци, ги разбира предизвиците со кои се соочува агросекторот и има капацитет веднаш да продолжи со реализација на започнатите политики. Уверен сум дека ќе ја оправда довербата што му ја даваме денес, исто како што тоа го направија и нашите досегашни министри – рече Димитриевски.

Соопшти дека ЗНАМ во септември ќе добие плус уште едно заменик-министерско место, како што рече, во влијателно министерство.

Димитриевски информира дека Горан Минчев останува да го раководи Министерството за јавна администрација. Потенцира дека во Министерството за јавна администрација се реализирале суштински реформи кои создаваат основа за професионална, ефикасна и департизирана јавна администрација. Нагласи дека при формирање на владината коалиција свесно ги преземале Министерството за правда и Министерството за јавна администрација, два ресори, како што рече, кои со години биле симбол на застој, недовршени реформи и нарушена доверба на граѓаните во институциите.

Упати благодарност до министерот за правда Игор Филков за досегашниот професионален интегритет и посветеност.

– Во Министерството за правда беше започнат најобемниот реформски циклус во последната деценија, со јасна цел, правосуден систем кој ќе биде предвидлив, ефикасен и во служба на правдата. И ова не е само политичка оценка на ЗНАМ. Ова е и оценка што ја споделуваат и потврдуваат и нашите европски партнери. Неодамнешните пораки на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, се силна потврда дека Република Македонија ги исполнува обврските од реформската агенда и дека институциите испорачуваат резултати таму каде што со години постоеше застој, во делот на реформа на јавната администрација и владеење на правото. Зад него останува сериозен реформски капитал, 33 подготвени законски решенија, од кои 13 се директно поврзани со Реформската агенда и четири од нив се усвоени и изгласани во Собранието на Република Македонија – Закон за судска служба, Закон за јавно обвинителска служба, Закон за судски совет, Закон за совет на јавни обвинители, а истите се изработени преку процес во кој беа вклучени повеќе од 300 експерти во рамки на 24 работни групи. Тоа не е успех на еден човек или на една партија – изјави претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски нагласи дека ЗНАМ ќе продолжи да биде конструктивен, стабилен и принципиелен партнер во Владата.

-Ќе продолжиме да ги реализираме политиките што им ги ветивме на граѓаните и ќе продолжиме да докажуваме дека државотворноста не е политички слоган, туку секојдневна обврска. Тоа е суштината на ЗНАМ. Тоа е нашата одговорност. И тоа е патот по кој ќе продолжиме да ја градиме Македонија – нагласи Димитриевски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top