Македонија

Братот на македонски градоначалник се соочува со затвор до 5 години

Засега не е познато со каква казна се соочува градоначалникот

Братот на градоначалникот на Крива Паланка се соочува со затвор до 5 години според членот од Крвичниот законик по кој неговото возило на барање на Јавното обвинителство го чува полицијата во Крива Паланка.

Од инцидентот кој се случил во кругот на Полициска Станица-Крива Паланка, се дознава членот од Кривичниот законик и колкава е можната казна за Милан Митовски брат на градоначалникот на Крива Паланка.

Патничкото моторно возило „Рено Каптур”, сопственост на братот на градоначалникот Сашко Митовски е одземено по наредба на Јавното обвинителство во врска со членот 297-а став 2 од Кривичниот законик.

Според овој став од наведениот член од законот тој што не се придржува кон прописите за безбедноста во автобуски, железнички, воздушен и бродски сообраќај, сообраќај на жичари или сообраќај со други средства за масовен јавен превоз и со тоа ќе предизвика опасност за животот или телото на луѓето или за имотот од значителен обем, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

Според ставот 3 тој што делото од ставовите 1 и 2 ќе го стори од небрежност, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Со каква казна се соочува градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски за можно попречување ма правдата или уништување на докази се уште не е познато.

Што се случило во полициската станица во Крива Паланка:

Дали таткото на градот сакал да го спаси брат му со уништување докази на Јавното обвинителство

Градоначалник влегол во полициска станица да одземе возило предмет на кривично дело

Фото: Илустрација

Најнови вести од: Македонија

To top