Македонија

Бројот на странски туристи зголемен за 15 отсто

Владата го помага туризмот

Во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10,2 %, односно кај домашните туристи има намалување за 0,1 %, а кај странските има зголемување за 15,1 %.

Во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 5,5 % така што кај домашните туристи има намалување за 0,5 %, а кај странските има зголемување за 11,5 %.

Во јули 2025 година бројот на туристите изнесува 209 932, а на ноќевањата 770 733. Од вкупниот број туристи во месец јули 2025 година, 42.1 % се домашни, а 57.9 % се странски.

Бројот на ноќевањата во јули 2025 година изнесува 770 733, од кои 69.2 % се од домашните туристи, а 30.8 % од странските туристи.

Земји од кои дошле најмногу странски туристи во јули 2025 година:

  • 55 129 од Турција
  • 9 898 од Србија
  • 4 304 Полска
  • 3 989 Холандија

Најнови вести од: Македонија

Иран собори два американски борбени авиони: Потрагата по еден од пилотите се уште трае

Нафтените пазари беа затворени откако референтните цени на американската сурова нафта пораснаа за 11 проценти во четвртокот по говорот на Трамп кој не понуди јасен знак за непосреден крај на војната.

To top