Македонија Бизнис

Брза железница, клинички центри – стратешкото партнерство со Британија е голем чекор кон иднината

Денес, од седиштето на Владата се обраќам со гордост и чувство на историска одговорност. Вчера во Тирана, беше постигната согласност за Заеднички договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Овој чин не е само симболика. Тоа е голем, неповратен чекор напред во изградбата на иднината што ја заслужуваат нашите граѓани, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски […]

Денес, од седиштето на Владата се обраќам со гордост и чувство на историска одговорност. Вчера во Тирана, беше постигната согласност за Заеднички договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Овој чин не е само симболика. Тоа е голем, неповратен чекор напред во изградбата на иднината што ја заслужуваат нашите граѓани, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата, што ја одржа заедно со британскиот амбасадор Метју Лосдон.

– Нашите две држави ги поврзуваат заеднички вредности кон кои се стремиме и за кои се бориме да ги воспоставиме. Слобода. Демократија. Владеење на правото. Одлучност да се справиме со заканите врз мирот и стабилноста. Длабока посветеност кон безбедна и просперитетна Европа. Ова партнерство значи многу повеќе од билатерален аранжман. Ова е партнерство кое е архитектура за иднината. И токму затоа ја отвораме вратата за највисоко ниво на соработка со Обединетото Кралство. Во одбраната. Во борбата против организираниот криминал и нелегалните финансии. Во образованието. Здравството. Културата. Младинските политики. Економскиот развој и инвестициите – рече премиерот Мицкоски.

Со овој документ двете влади испраќаат силна порака дека интересите на граѓаните се најважни, а дека политиката е моќен инструмент кога создава вредности, а не поделби, додаде тој. Овој договор, рече премиерот, е резултат на месеци сериозна работа помеѓу нашите тимови, а вчера, тој труд се претвори во јасна визија.

– Партнерството што го формализираме ќе придонесе за модернизација на нашите вооружени сили и подлабока интеграција во НАТО стандардите. Ќе ни овозможи да ја зголемиме безбедноста на границите и да се спротивставиме на трговијата со луѓе и шверцот. Ќе овозможи најсилна досега економска соработка меѓу двете влади, вклучително и во капитални инвестиции во инфраструктурата и во здравството и во енергетиката понатаму. Ќе ја засили соработката во областа на образованието, дигиталната трансформација и иновациите. Ќе ги поврзе нашите млади, креативни генерации преку културата, науката и новите технологии – реле Мицкоски.

Обединетото Кралство, потенцира тој, беше со нас уште во најраните и најтешките денови на нашата независност. Беше меѓу првите држави што нè препознаа, ни подадоа рака и инвестираа во нашата стабилност и институционален развој.

– Градејќи ја нашата демократија, ја имавме нивната целосна поддршка. И овие денови, ова силно партнерство е логично продолжение на тоа заедништво, засновано на доверба, почит и заедничка визија – рече Мицкоски.

Тој објасни зошто договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство е важен за македонските граѓани.

– Тој ќе биде основата и фундаментот за инвестициски циклус којшто ќе има вкупна рамка од 5 милијарди фунти, односно 6 милијарда евра, при што дел од овие пари ќе бидат употребени за инвестиции во инфраструктурата, изградба на модерна карго и брза патничка железницата од Табановце до Гевгелија, инвестиции во здравството и нови болници, завршување на проектот на клиничката болница во Штип, заедно со зградата на новиот медицински факултет, студентски дом со капацитет од двестотини легла, изградба на болницата во Кичево заедно со здравствен дом, реконструкција на клиничката болница во Тетово итн. Во наредните денови ќе се потпишат договори и за овие инвестиции – објасни премиерот.

Ова што се постигна претставува втор клучен столб на нашата меѓународна позиционираност, по стратешкото партнерство со САД, истакна Мицкоски.

– Овој договор е голема потврда дека нашата држава чекори по патот на стабилноста, безбедноста, развојот и европската иднина. Стратешкото партнерство не е награда – тој е признание за нашата досегашна доследност. За верноста кон сојузништвата. За нашата отворена, искрена посветеност на европските и евро-атлантските вредности. Драги пријатели, со оваа декларација го отвораме новото поглавје во односите помеѓу нашите држави. Во мирот. Во стабилноста. Во иднината. Во достоинството на државата. Со Обединетото Кралство ние не сме единствено сојузници. Ние стануваме стратешки партнери, а овој документ е патоказ што ќе нè води во годините што следуваат. Со доверба, соработка и со одлучност. Во име на Владата и граѓаните уште еднаш се заблагодарувам за поддршката, за пријателството и за визијата. Благодарам – рече премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање пред граѓаните.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Се води ли војна преку водата за пиење и зошто нема доверба во институциите?!

22 дена во градскиот водовод во Гостивар биле вклучени пумпи кои наводно го полнеле системот со вода од површински канал од реката Вардар, наводно за да се зголеми притисокот во летниот период. Ова навидум наивно објаснување актот во Гостивар, кој практично имаше ефект на терористичко дело, за жал беше „поткрепено“ со документ од државна институција.

(Колумна): Ладење со вентилатор?

За време на големите топлински бранови (горештини) во некои европски земји (Франција, Англија, …) на телевизија гледавме сцени како наутро при отворање на продавници се создаваа големи турканици за купување било какви апарати за ладење, а најчесто гледавме како грабаат вентилатори.

Македонија скокна за 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност

Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.

МПЦ-ОА до Вучиќ: Ги отфрламе сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат!

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“ денеска реагира Архиерејскиот синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

ВМРО ДПМНЕ: СДС пак се обиде да произведе „изјава“ за „разговори под радарот“, што Муцунски никогаш не ја дал!

СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал, тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“. Има само еден мал проблем: таква изјава нема.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

To top