Македонија

Бугарија негира македонски атрибут кој Америка го официјализирала 11 години пред да се роди Конески

Америка пред 115 години кога Конески не бил ни роден ја поништила бугарската лага за Македонците

Официјална Бугарија негира македонски национален атрибут кој Америка го официјализирала уште пред 115 години.

Австралискиот новинар и истражувач Саша Узунов открива податоци од  официјален попис на САД од 1910 година во кој се гледа дека меѓу странските јазици што се зборуваат во Соединетите Американски Држави е и македонскиот.

Узунов открива дека САД пред 125 го признала македонскиот јазик а за украинскиот има два записи под „украински“ и „мал руски јазик“

 

Според дефиницијата на пописот,

ЈАЗИК го опишува јазикот што го зборувало пропишаното лицето дома. Ако луѓето навеле два јазика, само првиот (мајчиниот јазик) бил кодиран.

Тоа значи дека значителен број на граѓани на САД во 1910 година или 25 години пред Коминтерната кога биле без притисок прашувани што се и кој јазик го говорат Македонците кажувале дека зборуваат македонски јазик.

Ова е целосно спротивно на официјалната бугарска позиција дека македонскиот јазик го измислил Блаже Конески по втората светска војна и тој е дијалект на бугарскиот јазик.

Блаже Конески е роден на 19 Декември 1921 година односно цели 11 години откако голем број Македонци во САД официјално изјавиле дека говорат македонски мајчин јазик.

Начинот на собирање податоци бил Лице в лице а собирањето податоци за пописот во САД се случило на 15 април 1910 година

За овие податоци гарантира Министерство за трговија и труд на САД односно Бирото за попис.

 

Најнови вести од: Македонија

Петрушевски: Владата нема да прифати ниеден илегален мигрант, ниту постои план за изградба на шатори, кампови или центри

„Идеолошка профилација на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија е дека апсолутно сме за борба против илегалната миграција, а не за либерализација на мигрантите, нешто што било својствено за одредени политички партии. Ние апсолутно немаме никаква намера да прифатиме никакви илегални мигранти. Апсолутно е лага дека ќе се градат било какви шатори, кампови, центри. Ова прашање е регулирано и во Договорот за стратегиско партнерство со Велика Британија.“ – нагласи пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Мицкоски: Политичари растураат пердуви и креираат лажна слика за Кочани, изразувам длабоко сочувство до семејствата на настраданите

И покрај тоа што опозицијата се обидуваше да креира, како по обичај, лажна слика, да растура пердуви дека нема да се појавам јас и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за време на Анкетната расправа, видовте дека сите бевме присутни и Претседателката дојде исто така да биде дел од Анкетната расправа, претседателот на Собранието, јас лично.

To top