Македонија

Бугарска фондација поддржува независен кандидат за градоначалник на Струмица

Локални избори

Бугарската фондација „Македонија” која ја предводи Виктор Стојанов кој пак има забрана за влез во Македонија, објави дека го поддржува независниот кандидат за градоначалник на Струмица, Сраган Котуровиќ. На својот ФБ профил објавија и интервју со кандидатот за градоначалник:

„Ја искажуваме нашата поддршка за бугарскиот државјанин и Бугарин од Струмица, Драган Котуровиќ, за градоначалник на Струмица на претстојните локални избори на 19 октомври,” пишува во објавата.

Интервју со Драган Котуровиќ – независен кандидат за градоначалник на Струмица
Мојата цел зошто сакам да станам градоначалник: многу години гледам како се краде, се истите и пак истите, криминал невиден, градот запоставен, народот исфрлен како на улица и многу уште некои работи. Најважно е што сакам да станам градоначалник – да го сопрам криминалот, да се обрне внимание каде се трошат парите, кој краде, да извадам сè на виделина и да помагаме на луѓето, да сме со луѓето, не да седиме по канцеларии. Да обрнеме внимание на селата – дали некогаш некој отишол да види на тие селани како им е, дали фали нешто. Не само да се седне на фотеља и ќе чекаме избори да повторно пак не видат. И многу уште има што треба да се средува за градот и селата. Најбитно ми е да ги тргнеме арамиите, бандитите од Собранието на Струмица. Европска Струмица, одиме најјако за Струмица и селата.

Бугарска фондација во земјава праќа книги за царот окупатор на Македонија – Expres

И да направиме една ревизија за 24 години – кој крадел, што крадел, што направил. Тоа е прво и основно, па потоа да почнеме со работа, домаќинска работа, а не како до сега со бандити. Апази, арами! Доста е веќе, има многу. Но со Господ напред, народот нека одлучи што сака – чесен татко или арамија на градот, објави Фондација Македонија на својот фб профил.

Најнови вести од: Македонија

Може ли Мерко да си го купи службеното „ауди“?

Мерко беше обвинет и гонет за злоупотреба на службената положба, затоа што набавил четири службени возила меѓу кои и аудито, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка, сепак, на почетокот на јуни 2025 година беше ослободен од вина

До 5-ти февруари аплицирање на студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк е наменето за редовни студенти на додипломски студии со месечен приход понизок од минималната нето плата, како и за студенти запишани на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава

Новинарката Лиридона Вејсели испрати жалба до апелација

Новинарката Лиридона Вејсели поднесе жалба до Апелациониот суд против пресудата на Основниот суд во Гостивар, со која е осудена на глоба од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ – поради тоа што во својот новинарски текст го објавила името и презимето на судијата Назиф Иљази од Основниот суд во Тетово.

To top