Македонија

Бугарски научник ја урниса позицијата на Софија за македонскиот јазик (ВИДЕО)

Ако за некој јазик може да се каже дека е вештачки тоа е бугарскиот јазик кој е создаден во 19 век

Професор Ќосев од Универзитетот во Софија со факти и здрава логика ја урниса позицијата на Софија за македонскиот јазик.

Според него ако за некој јазик може да се каже дека е вештачки тоа е бугарскиот јазик кој е создаден во 19 век.

Научникот во интервју за телевизијата Еуроњуз на бугарски јазик дава повеќе причини зошто Софија не е во право кога во својата официјална позиција доставена до ЕУ тврди дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот.

Македонскиот јазик е посебен јазик затоа што меѓу другото тој не е нешто што се говори само дома туку е фво официјална употреба во сите јавни и државни институции.

“Нема сомневање дека македонскиот јазик е литературен, а не дијалект, а историјата на македонскиот јазик не започнува со Коминтерната. На оние кои тврдат дека македонскиот јазик е вештачки мора да им се каже дека и бугарскиот јазик е вештачка конструкција и е создаден во XIX век”, тврди Александар Ќосев, историчар по култура и литературен научник, професор на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски”.

Видеото кое го објавува лектор по македонски јазик на овој линк

🇧🇬 Професор Ќосев од Универзитетот во Софија: "Македонскиот јазик не е дијалект на бугарскиот."

"Нема сомневање дека македонскиот јазик е литературен, а не дијалект, а историјата на македонскиот јазик не започнува со Коминтерната. На оние кои тврдат дека македонскиот јазик е вештачки мора да им се каже дека и бугарскиот јазик е вештачка конструкција и е создаден во XIX век", тврди Александар Ќосев, историчар по култура и литературен научник, професор на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски”.

👏 Има паметни луѓе и во Бугарија 👏

Posted by Лектор по македонски јазик on Monday, July 21, 2025

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

To top