Македонија

Бугарскиот претседател учествувал на презентација на таканаречен Македонски алманах

Бугарска книга ја прекрстија во македонска

Бугарскиот претседател Румен Радев завчера учествувал на официјалната презентација на фототипското издание на книга која во Бугарија ја нарекуваат ,,Македонски алманах”.

Се работи за пропагандна книшка на Македонската патриотска организација по повод 85-годишнината од оригиналот.

Презентацијата на фототипското издание на вредното дело, објавено во 1940 година во Индијанаполис, САД, се одржал во ректоратот на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.

Таканаречениот Македонски алманах, кој бугарските националистички кругови го нарекуваат „патриотска Библија“ на македонските Бугари кои емигрирале во САД и Канада, е збирка фотографии и историски, географски и културни информации поврзани со бугарската дијаспора од крајот на 19-тиот и првата половина на 20-тиот век.

Фототипската книга е објавена благодарение на Македонската патриотска организација, Македонскиот научен институт, Институтот за историја на бугарската емиграција во Северна Америка, издавачката куќа „Тангра“ и поддржувачите на иницијативата.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top