Македонија

Радев по загубената битка во ЕП: Фактот дека почитувана институција се изјаснува за категории како „идентитет“ и „јазик“ е загрижувачки

Веднаш по загубената битка во Европскиот парламент со блокирањето на бугарскиот амандман за „модерен“ пред „македонски јазик и идентитет“ во извештајот за напредокот на Македонија претседателот на Бугарија, Румен Радев, им испрати писмо на лидерите на европските институции и на земјите-членки на ЕУ. „Од самиот почеток, случајот со овој извештај предизвика бран на негодување и […]

Веднаш по загубената битка во Европскиот парламент со блокирањето на бугарскиот амандман за „модерен“ пред „македонски јазик и идентитет“ во извештајот за напредокот на Македонија претседателот на Бугарија, Румен Радев, им испрати писмо на лидерите на европските институции и на земјите-членки на ЕУ.

„Од самиот почеток, случајот со овој извештај предизвика бран на негодување и критики во Бугарија против постапките и пристапите во неговата подготовка. Фактот дека почитувана институција како Европскиот парламент се изјаснува за категории од морална природа или специфично научна ориентација како што се ‘идентитет’ и ‘јазик’, во отсуство на правна основа и релевантни надлежности, е загрижувачки. Ваквите референци за ‘јазик и идентитет’ без специфична дефиниција ризикуваат слободни толкувања што нашите југозападни соседи веќе ги прават со своите претензии за ‘многувековен македонски идентитет’“, пишува во писмото на Радев.

„Ја поздравувам одлуката на Европскиот парламент да ги отфрли тврдењата за ‘многувековен македонски идентитет’ и да спречи нови обиди за промовирање на етноцентричниот националистички наратив на властите во Скопје. Таквиот пристап се конфронтира како со другите етнички заедници во Република Српска Македонија, така и со двата милиона бугарски граѓани /кои се граѓани и на ЕУ/ со етничко потекло од територијата на денешна Северна Македонија“, се додава во обраќањето.

„Досегашните обиди да се мотивираат властите во Скопјe преку отстапки од овој консензус не водат до посакуваниот резултат. Напротив, властите во Скопјe сè поотворено демонстрираат дека нема да се придржуваат кон овој тешко постигнат компромис, прифатен и од РСМ, што значи дека всушност немаат намера да ја спроведат европската интеграција на земјата“, нагласува шефот на бугарската држава.

„Ве молам прифатете ги моите уверувања дека Бугарија нема да прифати никаква промена на тешко постигнатиот европски компромис. Правата на Бугарите во РСМ не можат да бидат предмет на политички преговори.

Зајакнувањето на довербата во европските институции, особено во време на криза, е наша заедничка должност и сметам на вашата соработка во врска со ова“, вели Радев во писмото до европските лидери.

Најнови вести од: Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Ерменија по повод учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница што се одржува во Ереван под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа“

Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, туку правда и зачувување на својот македонски идентитет

„Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, бараат правда, бараат сами да одлучуваат за својот локален развој, да го зачуваат својот македонски идентитет и да имаат еднаков третман како и сите други заедници во Република Албанија“, изјави Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец

На 9-ти мај Вреди ќе ги помати сметките на ДУИ

Деветти мај се приближува и со него доаѓа силна, голема ВРЕДИ, распространета од Липково до Струга, велат од партијата истакнувајќи дека 5 партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВРЕДИ нема да се обедини

To top