Македонија

Чепреганов: Апсурд е што нѐ негираат од сите страни во време на европска демократија! Да се опстои на македонските интереси!

Пред почетокот на денешниот научен собир „80 години од победата над фашизмот – Македонија во антифашистичката народноослободителна војна“, во организација на Социјалистичката партија на Македонија, Тодор Чепреганов и други македонски историчари се осврнаа на оваа тема, нагласувајќи дека е неприфатливо денес да му оспорува на македонскиот народ правото на национално самоопределување, како основно човеково право, кое го извојувал и го потврдил со својата победа во Втората светска војна.

Македонскиот историчар Тодор Чепреганов вели дека денес сме доведени во една апсурна ситуација, ако се направи споредба меѓу времето на комунизмот и денешната демократија. Тој нагласува дека токму во времето на комунизмот, кое го означуваат како диктатура, Македонија беше призната како држава, а сега во времето на европската демократија, вели, се соочуваме со негација од сите страни. 

Проф. д-р Чепреганов ова го изјави, одговарајќи на новинарско прашање што можеме да научиме од антифашистичката борба во контекст на денешните предизвици, барањето за уставни измени и сѐ останато и како да не ги повторуваме грешките, пред почетокот на денешниот научен собир „80 години од победата над фашизмот – Македонија во антифашистичката народноослободителна војна“, во организација на Социјалистичката партија на Македонија, на кој тој и други македонски историчари се осврнаа на оваа тема.

„Дојдовме до апсурдна ситуација, во она време, кои некои во наводници го сметаа дека било диктатура, Македонија беше призната како држава, а денес во демократијата, гледаме што ни се случува, каква негација имаме од сите страни, од признавање одиме кон негирање. Денеска со сите европски стандарди, нас нѐ негираат, не нѐ признаваат сѐ уште, а ние сме европска држава. Решението е само зачувување на достоинството на политичарите, кои ја водат целата работа, треба да опстојат на она, што ги претставува македонските интереси.“ – порача Чепреганов.

Проф. д-р Виолета Ачкоска пред почетокот на научниот собир истакна дека за нас ова е мошне важен настан, бидејќи во текот на Втората светска војна македонскиот народ благодарение на антифашистичката народна ослободителна борба првпат во современата историја ја создал својата држава, Демократска Федерална Македонија.

„За Македонците Народноослободителната борба беше борба во која националното секогаш доминираше над класното. Треба да научиме од Втората светска војна, посебно од антихитлеровата коалиција, дека секој народ, кој ќе се вклучи во антифашистичката борба после војната има право на самоопределување, и благодарение на Атлантската повелба на големите сили македонскиот народ го доби своето самоопределување, формирајќи ја својата современа држава во рамките на Југословенската Федерација.“ – рече Ачкоска.

Таа додаде дека најголема придобивка и за македонскиот народ било правото на самоопределување, како основно човеково право. „Со напуштање на антифашизмот како европски идентитет, нам ни се одрекува правото на самоопределување. Тоа го доживеавме во Обединетите нации, секојдневно го доживуваме во таа борба за промена на историјата, идентитетот и затоа можеби најголемата придобивка од антифашистичка борба е да се сочува токму тоа право на самоопределување на секој човек и на секој народ.“ – нагласи Ачкоска.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Одложена седницата на работната група за реформи во изборното законодавство, материјалите не биле преведени на албански јазик

Денес не се одржа конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите.

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

To top