Македонија

Честитка од г.г. Стефан до папата Лав Четиринаести

Поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати честитка по повод изборот на новиот Папа Лав Четиринаесетти. „Ни претставува чест да Ви се обратиме по повод Вашиот избор за Поглавар на Католичката Црква. Дозволете Ни во овој историски момент за Вас, од името на сета полнота на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, […]

Поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати честитка по повод изборот на новиот Папа Лав Четиринаесетти.

„Ни претставува чест да Ви се обратиме по повод Вашиот избор за Поглавар на Католичката Црква. Дозволете Ни во овој историски момент за Вас, од името на сета полнота на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, да Ви го честитаме изборот за 267-ми папа на римската столица, се наведува во честитката.

Со изборот на Вашата Светост, додава г.г. Стефан, Католичката Црква доби достоен наследник на блаженоупокоениот Папа Франциск, кој, веруваме, ќе ги продолжи и надгради неговите дела и мисија.

„Триединиот Бог нека Ве дарува со боговдахновена, смирена, плодородна и долговечна служба, пројавена преку Вашата молитвена грижа и ревност за Неговиот народ и Неговиот Дом“, стои во пораката на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан до папата Лав Четиринаесетти.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top