Македонија

Некој 15-16 годишник вечерва може да добие еден милион денари

ИДЕИТЕ СЕ ЗАРАБОТУВАЧКА: Зошто некои средношколци вечерва ќе добијат еден милион денари?

 

Големото финале на „Средношколец Милионер“ е досега најголемиот избор на средношколски бизнис идеи во Македонија.

Десетте тимови од Скопје, Битола, Велес и Куманово кои дојдоа до самиот крај на натпреварот покажаа дека иновациите не се привилегија на мал број луѓе и одредени бизнис центри и се впуштија во активирање на сопствениот потенцијал, нудејќи идеи со кои ќе решаваат проблеми што или долго стоеле нерешени, или се нови предизвици на современото време.

 

 

Она што ги прави овие ТОП 10 идеи посебни е комбинацијата од структура, јасна вредност и потенцијал за практична примена, деловен успех и раст. Дел од нив се насочени кон системски проблеми – финансиска писменост, хидратација, едукација, дигитални алатки и технологија. Други отвораат нови пазари – за локални производители, фриленс економија или лиценциран фан-арт. Трети градат навики: подобро управување со пари, паметна употреба на AI или креативно купување.

„Ова не се декоративни идеи „за на хартија“, туку реални решенија што имаат смисла во реалниот пазар на трудот и идеите. Но, она што е уште поважно е дека оваа генерација размислува поинаку. Овие деца растат во време на вештачка интелигенција и практично учење, па можеби и затоа нивниот пристап е аналитичен, дигитален и мошне пазарно ориентиран.“ велат организаторите на натпреварот од Бреинстер групацијата.

Затоа и денешното финале не е „натпревар кој има подобар pitch“, туку натпревар кој може да размислува како претприемач: да види проблем, да дефинира решение, да структурира модел и да предложи изводлив план.

 

Фактот што финалистите доаѓаат од различни градови – Скопје, Битола, Велес и Куманово – покажува дека иновацијата не е ограничена од географијата, инфраструктурата или средината, туку е дефинирана само од мотивот, желбата, трудот и посветеноста. И финалето го покажува најважното, дека во Македонија постојат млади луѓе кои размислуваат брзо, критички и многу практично. Како и дека нивните идеи не се под прашање дали ќе ја донесат промената, туку кога.

 

 

Ова се финалистите (идеја/тим) кои вечерва се во битка за еден милион денари:

 

Nex$tep Finance (КешКидс – Велес)

 

Интерактивна апликација што ги учи младите како да раководат со пари преку квизови, игри и симулации. Практично финтек решение за финансиска писменост.

 

ПаметПакет (Академија Разлика – Скопје)

 

Едукативна кутија што го претвора училишниот материјал во практични проекти и експерименти преку стрип-приказни и мини лекции.

 

Систем 4 (StayBe – Битола)

 

AI-сервис за луксузни ресторани и хотели кој автоматски ги анализира нивните проблеми и нуди три видови дигитални решенија: AI веб-асистент, AI телефонски агент и брза изработка на веб-страни.

 

HYDRO BAND (Хидро Ѕвезди – Битола)

 

Нараквица со индикаторска хартија/сензор што го следи потењето и дава персонализирани препораки за оптимална хидратација.

 

DWear (ЈКЦ Милионерс – Скопје)

 

Апликација за креативен шопинг: корисниците цртаат, опишуваат или качуваат идеја за облека, а системот пронаоѓа слични модели или локални продавници кои ја нудат.

 

EduLink (LinkLabs – Велес)

 

Платформа што ги поврзува средношколците со ментори и компании преку реални проекти. AI ги спојува учениците со задачи според нивните интереси и ниво на знаење.

 

KupuvajLokalno.mk (Локални Херои – Куманово)

 

Централизиран маркетплејс за македонски производители: храна, пијалоци, занаетчиски предмети и домашни производи – без посредници, со проверена понуда и сигурна достава.

 

Dexiverse (Team Dexi – Скопје)

 

Една платформа за сите AI алатки, модели и ресурси. Решава три големи проблеми: расфрлани информации, недостаток на насоки и недоволна персонализација на AI употребата.

 

FanForge (Forgelab – Скопје)

 

Платформа за лиценциран фан-арт: уметниците креираат, франшизите одобруваат, а фан-публиката купува официјални производи – со фер поделба на приходите.

 

Работи бе! (Џекпоц – Битола)

 

Локална freelance апликација преку која младите наоѓаат мали задачи и платени услуги во различни области: монтажа, дизајн, програмирање, фотографија, помош во мали бизниси и повеќе.

 

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на фон дер Лајен, заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Урсула Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

Најнови вести

To top