Македонија

„Црн петок“, ама само на излог – во Македонија нема ништо од тоа, реагираат граѓаните

„Црн петок“ во Македонија – ова е денот кога голем дел од граѓаните очекуваат пониски цени во продажните места, но дали и колку се намалени, граѓаните велат „не“, зашто според нив, едно е на излог, друго во продавница, а трета цена е на каса.

Инспекторите им дишат во врат на трговците, ќе ги проверуваат сите трговски објекти низ државата за време на „блек фрајдеј“. Целта на овие контроли е да се обезбеди заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики и да се проверува дали трговците ги почитуваат законските обврски при нудење попусти. Од ДПИ апелираат до сите трговци да обезбедат фер и транспарентни пазарни услови бидејќи секое доведување на потрошувачите во заблуда или до измамничко дејствување ќе биде санкционирано согласно со законските прописи.

Целта е, посочуваат од ДПИ, да се обезбеди заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики, како и почитување на законските обврски од страна на трговците кои нудат попусти.

  • Апелираме до сите трговци да обезбедат фер пазарни услови и да ги почитуваат законските обврски. Секоја неправилност, доведување во заблуда на потрошувачите и измамнички дејствија ќе резултира со соодветни мерки од страна на Државниот пазарен инспекторат во согласност со законите – велат од ДПИ.

Воедно, ги повикуваат граѓаните секоја нерегуларност да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или на www.dpi.gov.mk.

Претходно, и од Организацијата на потрошувачи на Македонија апелираа до потрошувачите да не избрзуваат и да не купуваат по секоја цена, туку само тоа што им треба и да внимаваат на квалитетот на производите.

Поплаките на граѓаните од досегашното искуство од „блек фрајдеј“ не дека цената на некои производи, иако се на попуст, воопшто не е намалена, односно дека производот се продава по истата цена што била пред да се намали. Така, на пример, ако еден фустан чинел 2.000 денари, сега на етикетата стои дека првата цена била 3.000 денари, а дека намалената цена е 2.000 денари.

Најнови вести од: Македонија

Македонија со сериозен напредок кон дигитална трансформација – за две години успех како никогаш до сега

Покажавме дека дигиталната трансформација не ја третираме како технички проект, туку како општествена реформа, и тоа значи дека имаме обврски сите, хоризонтално, и токму затоа е многу важно денес да дискутираме за четирите столбови на стратегијата, што значи четирите обврски кои ги имаат институциите, приватниот сектор, а тоа значи добробит за граѓаните и за компаниите. […]

Град Скопје со конкретни мерки и препораки до граѓаните за заштита од загаденоста

Град Скопје известува и дека овластените инспектори за животна средина, комуналната инспекција и комуналните редари на градот, постојано вршат инспекциски надзори на диви депонии, стрништа, ораници заради спречување на нивно палење. Изречени се и прекршочни платни налози според Законот за управување со отпад, Законот за амбиенталниот воздух и Законот за животна средина.

Децата пушат цигари на 9 години, алкохол на 13, а се клукаат и со седативи, марихуана, кокаин

Институтот за јавно здравје на Република Македонија го презентираше националниот извештај од Европскиот проект за истражување во училиштата за алкохол и други дроги (ЕСПАД).

To top