Македонија

ЦУК: Активни шест пожари, други пет се под контрола

Во изминатото деноноќие успешно се дејствувало и биле изгасната 27 пожари

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово соопшти дека се“ уште се активни пожарите во село Нивичино, Мал Готен и Малешевските планини во општините Василево, Радовиш и Берово, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.

Во Општина Македонски Брод, во селото Грешница гори мешана шума и сува трева, помеѓу селата Локвица и Крапа гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација во село Латово, кај месност Маркова Стапалка горат грмушки и сува трева.

Во Општина Прилеп активни се пожарите во село Штавица кон селата Чумово, Волково и Прилепец, каде гори ниска вегетација и деградирана шума, а во Општина Желино пожар има помеѓу селата Церово и Групчин, каде гори нискостеблеста и деградирана шума.

Под контрола се пожарите во Општина Ресен поточно во село Шурленци до село Езерани, во Општина Дојран кај село Николиќ, во Општина Велес кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, во Општина Гостивар кај село Симница и во Општина Прилеп, помеѓу селата Царевиќ и Смолани, месност Радобилски рид.

Како што соопшти утрово Центарот за управување со кризи, изгаснати се вкупно 27 пожари.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top