Македонија

Д-р Рендевски: Органодарителството е висок морален и хуман чин

Проф. д-р Владимир Рендевски, неврохирург на Универзитетската клиника за неврохирургија, во видеообраќање, во рамките на националната кампања „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, упати апел до семејствата на потенцијалните донори да дадат согласност за органодарителство нагласувајќи дека станува збор за висок морален и хуман чин, кој спасува животи

Проф. д-р Владимир Рендевски, неврохирург на Универзитетската клиника за неврохирургија, во видеообраќање, во рамките на националната кампања „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, упати апел до семејствата на потенцијалните донори да дадат согласност за органодарителство нагласувајќи дека станува збор за висок морален и хуман чин, кој спасува животи.

– Денес, се наоѓаме во одделот за интензивно лекување на нашата клиника, што претставува втор по големина оддел за интензивно лекување во Македонија по КАРИЛ. Во нашата секојдневна клиничка пракса може да кажам дека се соочуваме со најтешко болните и критични пациенти од нашата неврохируршка патологија и, за жал, во одредени моменти кај одредени тешки пациенти констатираме мозочна смрт. Тоа е една иреверзибилна состојба, од која, за жал, пациентот не може да биде повторно вратен со закрепнување во нормална состојба – истакнува проф. д-р Рендевски.

Во тој момент, како што посочи, многу е важно одлуката на самите семејства кај пациенти што се потенцијални донори да биде позитивна.

– Апелирам семејствата на најблиските да дадат позитивна согласност за овие пациенти, да се пристапи кон органодарителство, што претставува висок морален и хуман чин – истакнува проф. д-р Рендевски.

Министерот за здравство Азир Алиу посочува дека со ова видео продолжува кампањата „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“ за да ги зајакнеме јавната свест, довербата и подготвеноста за разговор на оваа тема.

– Последните трансплантации на срце и бубрег уште еднаш нè потсетија дека зад секој спасен живот не стои само медицинска експертиза, туку и длабоко хумана одлука. Најсилната порака денес доаѓа од докторите затоа што тие секојдневно ги гледаат и болката на семејствата и надежта на пациентите што чекаат трансплантација – порачува министерот Алиу.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Претсмртниот завет на Антон Попов до сите македонски поколенија да го чуваат македонското име и никогаш да не отстапуваат од борбата за иднината на Македонија

На денешен ден, на 20 октомври 1915 година е роден непокорниот син на Македонија и македонскиот народ писателот Антон Попов. Неизмерна е важноста на неговите дела за градењето на македонската самосвест на македонскиот народ. Како бранител негов и на македонската кауза, во своите публицистички трудови, како што е знаменитата статија „Дали постои македонска нација“ Попов дава јасен, научно и историски образложен одговор за постоењето на македонскиот народ, со кој ги побива туѓите негаторски пропаганди. Попов постоеше и живееше, сонуваше и копнееше, дишеше и умре за саканата таковина Македонија, стрелан во Софија на 23 јули 1942 година од царборисовскиот фашистички режим на Бугарија.

Техновејшн ЈИЕ 2026: Вистинската трансформација започнува кога ќе се осмелиме да го менуваме и она во што сме успешни

Суштинската трансформација на една компанија не започнува кога стариот модел на работење ќе престане да функционира, туку кога таа е подготвена да го преиспита моделот врз кој веќе го изградила својот успех

„РОЗОВ ОКТОМВРИ“ ВО ОПШТИНА КАРПОШ – ЗАЕДНО ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ НА ДОЈКАТА

Денес, во Општина Карпош, се одржа едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на свеста за ракот на дојката, важноста на навременото откривање и грижата за сопственото здравје

Николоски: Новиот мобилен оператор ќе ја користи мрежата „Старлинк“ на Илон Маск

На прашањето дали телекомуникациската компанија „4iG“ гради сопствена 5G мрежа, Николоски за „360 степени“ вицепремиерот рече дека веќе најавиле стратешка соработка и дека Македонија ќе биде меѓу првите земји во кои директно ќе се имплементира оваа технологија

To top