Македонија

Далга ја прекина потрагата по телото на бугарскиот нуркач кај Трпејца

Силен ветар и бранови ја одложија потрагата по бугарскиот нуркач

Високи бранови кои се појавија во текот на операцијата за извлекување на телото на биле причина привремено да запре потрагата по телото на бугарскиот нуркач кој го загубил животот денеска во Охридското езеро кај Трпејца.

 

Брановите се појавиле по силниот ветар што се појавил денеска во Охридско а највисоки биле токму на потегот Трпејца, Љубаништа каде што се случила несреќата, тврдат очевидци.

Полициските службеници, членовите на Црвен Крст и доброволци од нуркачкиот клуб Амфора морале да се повлечат од потрагата по бугарскиот нуркач откако брановите станале опасни и за членовите на спасувачката мисија.

 

,,На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т. (52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското езеро, над селото Трпејца. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање кои ги спроведуваа тимови од Езерската полиција, Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот клуб „Амфора“,стои во соопштението од СВР Охрид, објави попладнево портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top