Македонија

Дали гостиварци пиеја деновиве вода, загадена и со фекални води, вбризгувани со пумпите во водоводот?! – Фекални бактерии пронајдени во два испитани примерока!

Според неофицијални информации, извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека од четирите испитани примероци на вода, во два се пронајдени фекални колиформни бактерии, а во еден примерок е утврдено и зголемено присуство на хлор.

Ако бидат потврдени споменатите наоди, тогаш ќе отворат сериозни прашања за начинот на кој се управувало со водоводниот систем во Гостивар под надлежност на општината. Една од насоките што ја испитуваат надлежните институции е можноста во водоводната мрежа да навлегло фекално загадување, по што било извршено дополнително хлорирање на водата.

Извештајот на ИЈЗ е поднесен до обвинителството кое е на потег. Во полициска акција во Гостивар, денеска се уапсени директорката и менаџментот во ЈП „Комуналец“. Приведени се по итна постапка три лица од ЈП „Комуналец“ – Гостивар: вршителот на должност директорката Артана Асани, раководителот на Одделението за водовод Вадедин Дервиши и техничкиот директор Леон Нуредини.

Во Основното јавно обвинителство предметот првично се води во насока на сомнение за кривичните дела „Загадување вода за пиење“ и „Тешки дела против животната средина и природата“ согласно Кривичниот законик. Надлежните институции засега не објавуваат официјални детали за текот на акцијата, а се очекува во текот на денот да следува официјално соопштение со повеќе информации за преземените мерки и текот на денот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top