Македонија

Дали ќе се казнуваат пешаци кои одат со слушалки во ушите?!

Нема повеќе безгрижно шетање по улица со слушалки или зборување на мобилен телефон додека преминувате улица – Владата до Собранието поднесе измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во кои внесува ригорозни измени и за пешаците, но и велосипедистите и возачите на електрични троитнети.

Иницијативата „На точак“ излезе со јасно и детално соопштение во врска со предложените измени на Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата, со акцент на контроверзиите за казните за пешаците кои користат слушалки. Тие нагласуваат дека дел од медиумите не ги интерпретираа прецизно предлозите, што поттикна погрешни разбирања кај јавноста и наметна потреба од разјаснување на клучните поенти.

Според „На точак“, најпрво, предлог-измените не предвидуваат казни за користење на слушалки при пешачење на тротоар, во пешачки зони или низ паркови, односно на места каде пешаците не доаѓаат во контакт со друг сообраќај. Ова значи дека граѓаните ќе можат слободно да користат двe слушалки, мобилни уреди или телефони на овие локации, без ризик од казна. Оваа слобода се смета за една од најважните предности на пешачењето, а нејзиното ограничување би демотивирало многу луѓе да го избираат пешачењето пред автомобилите или велосипедите.

Од друга страна, кај велосипедистите строго се дефинира дека употребата на електронски уреди ја намалува нивната можност за реагирање и сигурно управување, а кај пешаците се тврди дека употребата го намалува вниманието при преминување преку коловоз и велосипедска патека. Овие разлики се доведени во прашање: врз основа на кои истражувања се смета дека возачите на автомобили имаат помала потреба од слушање на околниот сообраќај? Дополнително, прашуваат дали овој пристап дискриминира глуви лица кои се учесници во сообраќајот.

„На точак“ нагласува дека казните се неусогласени со одговорноста и статистиката на учесници во сообраќајот. Казната за употреба на електронски уред кај возачите на автомобили изнесува 40 евра, кај велосипедистите 50 евра, а кај пешаците 40 евра, со тоа што за возачите казната е најслабо дефинирана и не мора секогаш да се изрече.

Сметаат дека пешаците, како најранливи и статистички најмалку виновни во сообраќајните несреќи, не треба да се третираат еднакво со возачите на автомобили. Казната за пешачите се предлага да се намали на 20 евра, а казната за велосипедистите се смета за неправедно висока.

Иницијативата бара основање на политики врз реални опасности и статистички податоци. Според сите статистики, главната опасност на патиштата е прекумерното брзо возење автомобили. Тие апелираат да се фокусираат напорите кон реалните проблеми, наместо кон обвинување на жртвите, односно на ранливите учесници, како што се пешаците и велосипедистите.

Се надеваат дека нивните коментари на предложените измени ќе бидат разгледани конструктивно и ќе се усвојат препораки кои одговараат на реалните предизвици во сообраќајот.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

To top