Македонија

Дали се закани Али Ахмети со поделба на Македонија на „албански и бугарски дел“, „ако не го продолжи патот кон ЕУ“?!

Дали со својата „порака до премиерот Христијан Мицкоски“ лидерот на ДУИ Али Ахмети само предизборно покажува „етнички мускули“ дека „Албанците ќе си одат во Албанија со својот албански дел“, ако не се влезе во ЕУ, па со заканувачка, но реално празна реторика, всушност, го прикрива својот сопствен страв од можниот, или и извесен пораз на 19 октомври на локалните избори?!

„Али Ахмети му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски од Тетово: Ако не го продолжи С.Македонија својот пат кон ЕУ, тогаш граѓаните на оваа земја нема да имаат друг избор освен некои да одат со Албанија, а другите со Бугарија!“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“ во својата вест со наслов „Али Ахмети: Ако Македонија не влезе во ЕУ, тогаш некои ќе бидеме со Бугарија, некои со Албанија (ВИДЕО)“

„Лидерот на ДУИ Али Ахмети објави дека коалицијата Национална алијанса за интеграција вечерва го отвори својот изборен штаб во Тетово. Тој нагласи дека нивното единство е гаранција оти никој не може да ги запре.“ – извести ТВ Шења во својата информација со наслов „Ахмети од Тетово: Албанците се подготвени да ги бранат достоинството, еднаквоста и европската иднина“.

Во овој контекст телевизијата ја цитираше изјавата, што ја даде Али Ахмети во овој контекст: „Денес во Тетово беше нашиот изборен штаб, означувајќи важен чекор во историскиот плебисцит, што нè очекува. Оваа извонредна мобилизација е доказ дека Албанците се обединети, решени и подготвени да ги бранат достоинството, еднаквоста и европската иднина на земјата. Обединувањето на политичките сили во овој сојуз е нашиот најсилен одговор на предизвиците, кои ги сервираат ‘задоцнетите патриоти’. Знаеме дека не е лесен нашиот пат, но нашето единство е гаранција оти никој не може да нè запре. Овој плебисцит не е за една партија, ниту за еден поединец, туку за сите Албанци и за нашата земја.“ 

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top