Иако дел од медиумите објавија неофицијални информации дека обвинител од Вишото јавно обвинителство Битола е приведен и се наоѓа под истрага поради сомнение за сторено кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ во случајот со бизнисменот Борче Марковски, охридски адвокат укажува дека причините може да се и други
Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје на вишиот обвинител веќе му одреди мерки за претпазливост, кои вклучуваат одземање на пасошот (патната исправа) и забрана за преземање определени работни активности.
Според наводите на адвокатот од Охрид можно е уапсениот виш јавен обвинител од битолското јавно обвинителство да му помагал на функционер на ДУИ.
Според објави на екс јавниот обвинител а сега адвокат Војо Димовски сосема е можно приведениот јавен обвинител да се истражува и за влијание на предмети против Рамиз Мерко, екс градоначалник на Струга и висок функционер на ДУИ.
Димоски завчера објави повеќе стари информации објавени од него кои се индикативни но не се потврдени.
,,Пред нецел час медиумите јавија дека МВР и ОЈО ГОКК вечерва во координирана акција вршат претреси во дом и во службени простории на виш јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Битола.
Не коментирам ништо, само во прилог неколку од многуте мои објави на таа тема од годиниве наназад”, објави Димоски споделувајќи го неговите стари постови поврзани со оваа тема.
Првиот пост на Bojo Димоски е од
20 јуни 2023 и во него тој зборува за односот на правосудните органи кон корупцијата на Мерко.
,,Ми се наметнуваат повеќе прашања како на професионалец, а за почеток ги поставувам следниве две:
Дали во врска со коруптивните зафати на Мерко биле оформени предмети пред ЈО, а по пријава на оштетени?
Дали таквите предмети биле опструирани од раководни структури во Државното и во Вишото обвинителство, а во корист на пријавениот Мерко?
Со жалење констатирам дека во моментов се заробени сите институции кои се должни да дадат одговор на прашањава (ЈОРМ и ОЈО за ГОКК).
Добрата вест е дека делата на незаконското влијание се далеку од застарување, па ништо од мирни пензионерски денови”, заклучува Димоски.
Вториот текст е од 22 јуни 2023 и во него тој му поставува две прашања на екс државниот обвибител Љубомир Јовески и повторно го споменува Мерко.
,,Соопштението со кое излегло Државното Обвинителство е обично клише и празна реторика.
Недозволиво е сега вина да се фрла на основните обвинители во Струга во услови кога постои републички обвинител задолжен за нивна контрола, како и Вишо обвинителство во Битола кое најмалку двапати во годината ги контролирало истите обвинители.
Значи: некој треба да го контролира и нив и нивното делување.
Јас најодговорно тврдам дека во ниту еден од Записниците за контрола на струшкото ЈО не се констатирани недостатоци во постапувањето во предметите против Мерко.
Зошто е тоа така треба да одговорат раководителите на Вишото во Битола, а особено претходната раководителка како и координаторот за струшкото обвинителство во Вишото обвинителство во Битола.
Бидејќи Државното Обвинителство има тенденција да глуми изненаденост, принуден сум да му ги поставам следните две прашања на Јовески:
Дали директно сте вршеле притисок предмет против Мерко кој се однесува на злоупотреби на продажба на општински имот да биде испратен во ОЈО за организиран криминал, кадешто истиот потоа е „ставен на мраз“
До кога вака?”, прашува Димоски.
Во третиот текст од објавата на
Bojo Димоски од 15 октомври 2025 тој открива дека пишува жалба до обвинителството каде сега е приведен обвинител.
,,Пишувам жалба на Решение за отфрлање кривична пријава до Вишото обвинителство во Битола и сватив дека се самоцензурирам во смисол дека користам основни термини плашејќи се дека во спротивно нема да ми ги разберат жалбените наводи.
Е Војо, Војо! Одбрал кај да те фрли штркот пред безмалку 48 години”, објавил Димоски.
Во Јануари годинава Bojo Димоски открива дека во Јуни 2025 година како полномошник на оштетени поднесол кривична пријава против градежна компанија и нејзиниот управител.
Во објавата тој наведува дека Вишото јавно обвинителство од Битола невообичаено брзо одбива жалба.
,,Несовесно градејќи зграда, без при тоа да бидат спречени од надлежните, ги оштетија околните објекти до степен истите да се опасни за живеење.
Во Август 2025, со нетипична брзина во постапувањето, Вишото обвинителство во Битола донесе Решение со кое ја затвори кривичната постапка против пријавените.
Вчера во тој објект, во кој се изведуваа градежни активности на работ на законот, трагично загина наш млад сограѓанин.
Паметните учат на туѓи, а помалку паметните на своите грешки!
Ние како општество, одамна не учиме никакви лекции!
Жално!!!”, објавил Димоски.