Македонија

Дедо Мраз како специјалец се симна од хеликоптер (ВИДЕО)

Како Рамбо се симна со јаже од летало во лет

Во претпладне облеано во сонце на воениот дел од Меѓународниот аеродром – Скопје во касарната „Страшо Пинџур“  Дедо Мраз“ пристигна да ги израдува најмалите.

Дедо Мраз дојде со армиски транспортен хеликоптер од составот на воздухопловниот ВИНГ и израдува стотици деца кои со нетрпение го очекуваа овој настан.

 

По краткиот прелет со транспортен воен хеликоптер од составот на вВИНГ, армискиот „Дедо Мраз“ додели новогодишни подароци.

 

Традиционалната манифестација која долги години се реализира во организација на оваа воздухопловна единица на Армијата и оваа година предизвика огромен интерес кај децата на припадници на Армијата и Министерството за одбрана но и на сите останати граѓани кои присуствуваа на настанот

На настанот присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која преходно заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на генералштабот генералот Лафчиски разговараше со припадниците на македонската армија во мисии во странство.

 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top