Македонија

Деко пред суд плачејќи: „Носиме иста болка како вас“ – родителите ја напуштија салата(ВИДЕО)

Во судницата во Идризово, за време на воведните говори на одбраната во процесот за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, адвокатката Ивана Коцевска, целосно ја префрли одговорноста врз државните институции и врз музичката група ДНК.

Во судницата во Идризово, за време на воведните говори на одбраната во процесот за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, адвокатката Ивана Коцевска, целосно ја префрли одговорноста врз државните институции и врз музичката група ДНК.

Според Коцевска, нејзиниот клиент може да одговара единствено за евентуална небрежност, но не и за тешки дела против општата сигурност, бидејќи тој никогаш немал свест дека објектот не ги исполнува безбедносните стандарди – затоа што ниту една надлежна институција во изминатите 12–13 години не му укажала на тоа.

По неа, пред судот се обрати и самиот првообвинет Дејан Јованов, кој целосно се приклучи кон воведниот говорот на својата бранителка и емотивно се обрати кон присутните:

– До ден денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер. Цели девет месеци сум затворен во четири ѕида, секојдневно ја преживувам таа трагична ноќ. Не можам да поверувам што се случи. Јас како човек и родител – каде што се собираа сите млади, вклучително и моите деца – немаше да дозволам нешто да недостасува во клубот. Зарем ако знаев дека нешто недостасува не би направил сè за да се обезбеди навреме? Во тој клуб пораснаа генерации и сите добро знаат како се грижев за безбедноста на сите гости. Со срце и со душа сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на сите починати, а на повредените брзо опоравување. Ја знам нивната болка и тага, зашто и во нашето семејство имаме и починат и тешко повреден член. Ја носиме истата болка како и вие. Не ми е јасно зошто е обвинет Михајло. Тој немаше никакви допирни точки со клубот – има своја фирма за дистрибуција и беше обичен гостин како сите останати. Ви благодарам за можноста да се искажам – рече Јованов со солзи в очи.

Неговото обраќање предизвика силни емоции кај родителите и блиските на загинатите. Дел од нив бурно реагираа, се вознемирија и гласно плачејќи ја напуштија судницата.

Најнови вести од: Македонија

Нема криење на гориво – засилени контроли и кај трговците, велат од Пазарен инспекторат

Во однос на можноста за намалување на ДДВ за увоз на енергенси, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова изјави дека таквите проценки ги прави Владата со ресорните министерства, додека УЈП ќе ги спроведува мерките доколку бидат донесени.

Сиљановска-Давкова од „Треблинка“: Нема да дозволиме историски ревизионизам за Холокаустот на македонските Евреи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи што се одржа во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска.

Николоски во САД: Разговараме за раст на партнерството меѓу Македонија и Светска банка

Чарлс Кормиер, регионалниот директор за инфраструктура во Светска банка го поздравил присуството на вицепремиерот Николоски на глобалниот настан и истакнал дека оваа година Светска банка во фокусот ги стави темите поврзани со решенија за одржлив и инклузивен транспорт во светот како предуслов за раст и отворање на нови работни места.

To top