Македонија

Денес повторни избори за градоначалник во четири општини

Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако на првиот круг на локалните избори на 19 октомври минатата година не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов изборите да се сметаат за успешни.

Денес гласањето почна во 7:00 часот, а избирачките места ќе се затворат во 19:00 часот. Гласачите на избирачките места ќе се идентификуваат со важечки лични документи – лична карта или пасош, а исто така нивниот идентитет ќе се потврди и со апаратите за биометриска идентификација. Вчера во четирите општини гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците. Согласно со Изборниот законик, за да се избере градоначалник на повтореното гласање потребно е за еден од кандидатите да гласаат повеќе од половината од граѓаните што ќе излезат на изборите.

Државната изборна комисија (ДИК) во текот на денот на прес-конференции и преку соопштенија ќе информира за текот на гласањето и за излезноста на гласачите. Првичните резултати од гласањето ќе бидат објавени откако до нив ќе бидат доставени од општинските изборни комисии.

Според податоците од ДИК, во овие четири општини во првиот круг на 19 октомври лани не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов за изборите да се сметаат за успешни. Во Гостивар одѕивот беше 33,31 процент, во Врапчиште – 25,18 проценти, во Маврово и Ростуше – 30,31 процент и во Центар Жупа – 21,49 проценти.

Најнови вести од: Македонија

И оние што во летната сезона ќе работат во странство ќе мора да платат данок кон УЈП

Голем број македонски студенти кои во изминатите пет години учествувале во програмите за летна работа во Германија (Work & Travel) се соочуваат со неочекувани барања од Управата за јавни приходи (УЈП) за пријавување и оданочување на нивните приходи остварени во странство, пишува инстаграм страницата Студентарија.

To top