Македонија

Денес продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ – воведни зборови на одбраната

Денеска во судницата во затворот Идризово продолжува главната расправа за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани од 16 март 2025 година, во кој животите ги загубија 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.

Денеска во судницата во затворот Идризово продолжува главната расправа за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани од 16 март 2025 година, во кој животите ги загубија 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Денешното рочиште треба да започне со изјаснување на обвинетите за вината и со воведните зборови на одбраната.

На претходното рочиште Судот ги прифати приговорите на дел од бранителите дека интегрираното обвинение заедно со доказниот материјал не им било навремено доставено на обвинетите. Судот најави дека материјалите веднаш ќе им бидат врачени, а за да не дојде до одолговлекување на постапката, главната расправа продолжи со изјаснување на оштетените. Сите присутни оштетени и нивни законски застапници изјавија дека се приклучуваат кон кривичниот прогон, но дека имотноправните побарувања ќе ги остваруваат во посебна граѓанска постапка.

Судењето се одвива под засилени безбедносни мерки. Во салата се присутни обвинетите, роднини и блиски на настраданите, тим од 15 јавни обвинители, бранители, како и голем број домашни и странски новинари. Рочиштето го води судијката Диана Груевска Илиевска.

На првото рочиште обвинителот Борче Јанев порача дека се бара одговорност по име и презиме и дека општеството мора да се соочи со болната вистина:

– Не е важно само кој го запалил огнот, важно е кој имал кофа вода и не ја истурил – рече Јанев, нагласувајќи дека катастрофата не е последица само на пиротехниката, туку на долгогодишен институционален молк, систематски пропусти и отсуство на контрола кои го претворија клубот во „смртоносна стапица“.

Според Обвинителството, дискотеката „Пулс“ функционирала без противпожарен систем, со заѕидани прозорци, лесно запаливи и токсични материјали, со само еден излез за евакуација и со постојани прекршења на капацитетот. Во кобната ноќ биле пуштени над 600 гости, меѓу кои и малолетници по полноќ, без било каква контрола на опасни средства. Настапот на групата „ДНК“ бил однапред договорен со употреба на пиротехника, а сунѓерот на таванот при горење ослободил смртоносен цијанид и јаглерод моноксид.

Осум месеци по трагедијата, на обвинителна клупа се наоѓаат 37 обвинети – 34 физички и три правни лица: сопственици и управители на локалот, членови на обезбедувањето, поранешни градоначалници, државни и општински инспектори, проектанти и надзорни лица и државни службеници.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top