Македонија

Денес седница на собраниската комисија за надѕор на работата на безбедносните агенции и надѕорна посета во АНБ

„Се следи и прислушува од 90-тите години. Една иста структура, речиси исти луѓе и оперативци, блиски до минатата власт, оперираат со системот. Со ваквите чекори се удира врз уставниот поредок. Последиците на таквиот извитоперен систем уништуваат човечки судбини на генерации луѓе и ја доведуваат во опасност целата држава, ставајќи го на тацна безбедносниот систем.“ – имаше изјавено претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во својот говор на одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Собраниската комисија за надѕор во работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) денес ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Предлогот за вршење надзор во работата на АНБ. По седницата оние членови на Комисијата, кои имаат безбедносни сертификати, ќе одат во надѕорна посета на АНБ.

Седницата на Комисијата беше свикана на предлог на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Љупчо Пренџов, откако во јавноста излезе информација дека АНБ од 2019 до 2024 година го прислушувала премиерот Христијан Мицкоски, тогашен опозициски лидер, но и новинари и бизнисмени.

Директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски во изјава за медиумите рече дека целата документација е испратена во Обвинителството, а премиерот Христијан Мицкоски неколкупати досега изјавуваше дека очекува Обвинителството да постапи.

Премиерот Мицкоски во неговиот говор на централната прослава по повод Денот на независноста рече дека не е прашање дали ќе се декласифицираат материјалите, туку вистинското прашање е како да се спречат злоупотребите. Според Мицкоски, мора да има одговорност.

„Се следи и прислушува од 90-тите години. Една иста структура, речиси исти луѓе и оперативци, блиски до минатата власт, оперираат со системот. Со ваквите чекори се удира врз основите на демократијата, се удира по уставниот поредок. Последиците на таквиот извитоперен систем уништуваат генерации луѓе и ја доведуваат во опасност целата држава, каде на тацна го ставаат безбедносниот систем. Ваквите удари уништуваат човечки судбини, најчесто измислувајќи ситуации, контакти, додавајќи работи кои не постојат. За ова сум сведок и јас лично, гледајќи го материјалот од моето следење.“- рече Мицкоски.

Најавено е дека седница со таа точка на дневен ред  ќе се одржи денес во 17 часот попладнето.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 2 септември информира дека по насоки на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски оформиле предмет, во кој се преземаат  проверки на наводите за следење на премиерот Христијан Мицкоски, како и дека детално ќе бидат испитани и наводите во последните известувања од АНБ. Тим од истражители од ОЈО ГОКК, како што соопштија оттаму, биле примени во АНБ во рамки на предистрагата за наводите за незаконско прислушување. Притоа била договорена динамиката за спроведување на увидот во документацијата, со која располага АНБ.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top