Македонија

Денеска и до 38 степени

Следува период на стабилно и потопло време, освен утре, кога ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

 

Сончево време со мала до умерена локална облачност, се очекува и за денес со максимални температури кои ќе достигнат од 31 до 38 степени, предвидува  Управата за хидрометеоролошки работи.

Се очекува да дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16.

Во Скопје, исто така, најавено е сончево време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Се очекува минималната температура да се спушти до 16, а максималната да достигне до 38 Целзиусови степени.

Според синоптичарите, следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник, кога ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. (МИА)

Најнови вести од: Македонија

To top