Македонија

На „Криволак“ ќе бидат уништени минско-експлозивни средства

Ова е прв случај на уништување на ваков тип минско-експлозивни средства по цели 15 години

 

Голема количина на минско-експлозивни средства запленети пред 15 години, ќе биде уништена денеска на полигонот „Криволак“,соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Минско-експлозивните средства од касарна „Ѓорче Петров“ до армискиот полигон „Криволак“ ќе бидат транспортирани со товарни возила-камиони на АРМ каде во присуство на Комисијата за уништување на оружје, делови и компоненти на оружје, муниција и експлозивен материјал, од страна на полициски службеници од Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, стручни лица од АРМ и пиротехничари од Дирекција за заштита и спасување ќе биде спроведено нивно уништување со контролирана детонација“, се вели во соопштението од МВР.

Тоа што ова е прв случај на уништување на ваков тип минско-експлозивни средства по цели 15 години, како што с епосочува во соопштението, говори дека претходно не била соодветно третирана безбедноста на граѓаните со должна сериозност.

„Денешниот чекор јасно покажува дека со одговорен пристап, вистинска посветеност и професионално раководење, овој сегмент од безбедносниот систем конечно се поставува на ниво какво што одамна требало да биде“, соопштија од МВР.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Новиот мобилен оператор ќе ја користи мрежата „Старлинк“ на Илон Маск

На прашањето дали телекомуникациската компанија „4iG“ гради сопствена 5G мрежа, Николоски за „360 степени“ вицепремиерот рече дека веќе најавиле стратешка соработка и дека Македонија ќе биде меѓу првите земји во кои директно ќе се имплементира оваа технологија

To top